Контакт

Европа

Во Белгија воз излета од шини, една жртва

Објавено пред

Најмалку едно лице загина, а 27 се повредени од кои три тешко, во саботата при излетување на воз од шините во Белгија, соопштија спасувачките служби.

 

Железничкиот оператор SNBC објави дека патничкиот во за Брисел излетал од шините по кусо откако го напуштил Лувен, 25 километри источно од белгиската престолнина околу 13,20 часот.

Се превртил еден вагон. Загинало најмалку едно лице, кое спасувачите го пронашле под тој вагон и изгледа дека не било патник.

Местото на несреќата го посети и премиерот Шарл Мишел./крај/мф/сн

Европа

Берлин: Грција се согласи да врати дел од мигрантите

Објавено пред

Од

Германската влада денеска соопшти дека Грција се согласила да врати дел од мигрантите назад на својата територија. Станува збор, според информациите, за мигранти што првпат побарале азил во Грција, а бидејќи земјата не им дала, тие заминале кон Германија и биле пресретнати на германската граница со Австрија.

Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи, Елеонора Петерман, вели дека Германија и Грција постигнале конечен договор, но сето тоа ќе се официјализира кога деновиве двете земји ќе ги разменат и потпишаните документи.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Објавено пред

Од

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу црногорскиот премиер Душко Марковиќ и германската канцеларка Ангела Меркел.

Марковиќ престојувал во официјална посета на Германија по покана на Меркел. А како што објави црногорската влада на социјалната мрежа „Твитер“, Црна Гора и Германија целосно се согласуваат да нема промени во границите на Балканот.

На состанокот на владините делегации, во однос на ситуацијата во неговата земја, Марковиќ посочил дека во борбата против организираниот криминал и корупцијата нема заштитени.

Првата официјална посета на Марковиќ во Германија, како што посочуваат тамошните медиуми, претставувала можност за размена на мислења со Меркел на тема билатерални односи.

Се разговарало за економската размена меѓу Црна Гора и Германија, за економската соработка меѓу земјите од Западен Балкан, особено во рамките на берлинскиот процес и за европската интеграција на Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Шпанија ја одбележува годишнината од терористичкиот напад во Барселона

Објавено пред

Од

Шпанските власти заедно со уште стотици граѓани денеска излегоа на улиците во Барселона да присуствуваат на церемонијата по повод првата годишнина од терористичкиот напад во земјата во кој животот го загубија 16 лица, а 137 беа повредени.

Комеморацијата почна со положување цвеќе на познатото шеталиштето „Ла Рамбла“ во главниот град на Каталонија.

Нападот во кој животот го загубија 16 луѓе, а 137 беа повредени, се случи на денешен ден минатата година. Десетици луѓе беа покосени на пешачката патека на централната улица „Рамблас“ кога во нив влета бело комбе, кое се движеше со огромна брзина.

Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорност за нападот во Барселона.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Инсулинот во Македонија е со уреден рок на употреба, велат од Министерството за здравство

Инсулинот во Република Македонија, без исклучок, е со уреден рок на употреба, уверува Министерството за здравство откако во јавноста се...

Македонија3 часа

„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки...

Македонија5 часа

Заев се сретна со членовите на ДИК: Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК,...

Европа5 часа

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу...

Свет7 часа

(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што...

Македонија7 часа

„Копиле скапано“, вели Протоѓер за адвокатот на Мијалков, Шврговски

Во една од бомбите што беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели...

Македонија8 часа

ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија...

Топ8 часа

Запален автомобил на адвокат од Охрид

Ноќеска по полноќ бил запален автомобилот на адвокатот Мишел Наумоски од Охрид. Тој за „Макфакс“ вели дека бил паркиран на...

Дијаспора8 часа

Министерот за дијаспора од Ростуше ги повика печалбарите да гласаат на референдумот

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на печалбарската средба што се одржа во Ростуше, нагласи дека големиот број печалбари...

Свет9 часа

Американскиот Сенат донесе резолуција: Медиумите не се непријатели на народот

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се потврдува дека медиумите не се непријатели на народот. Резолуцијата што ја предложи...

Регион9 часа

Вучиќ: Србија има три цели на Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека главните цели на Белград на Косово се зачувување на мирот и стабилноста, заштитата на...

Македонија1 ден

(Видео) Шестчлено семејство моли за помош, откако гром им ја изгоре куќата

Пожар предизвикан од гром, во вторникот, без дом остави шестчлено семејство од скопското село Нова Брезница. Божин Вељановски, татко на...

Мартин Протогер, СЈО Мартин Протогер, СЈО
Македонија1 ден

Протоѓер му нарачувал на Јанакиески да им нареди на амбасадорите да одат по куќи и да собираат гласачи од дијаспората

Во кривичниот суд во Скопје, по речиси четири и пол часа, време за приговори на адвокатите на обвинетите, почна репродуцирањето...

Италија, Џенова Италија, Џенова
Европа1 ден

Дваесет луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во Џенова

Главниот обвинител во Џенова, Франческо Коци, изјави дека 20 луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во...

Македонија1 ден

Апелација на 30 август ќе одлучува за затворот на Груевски

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за...

Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО
Македонија1 ден

По еден час пауза во судењето за „Титаник“ поради мајчинските обврски на Јанкулоска

Судијата Осман Шабани, кој е судечки судија во предметот „Титаник“, пред паузата за судењето ги извести обвинетите и нивните адвокати...

Македонија1 ден

(Видео) Ефремов: Полицајците 10 години немаат нови униформи

Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи информира...

Топ1 ден

Дваесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа, излетало од патот и удрило во столб

Дваесетгодишно лице со иницијали М.А. почина по сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-село Липково. Тој управувал патничко возило „форд фокус“ со кумановски...

Економија1 ден

Катар финансиски ќе ѝ помогне на Турција за излез од кризата

Катарскиот шеик, Тамим бин Хамад ал-Тани, денеска за време на средбата со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вети дека Катар...

Свет1 ден

Путин подготвен за средба со Ким Џонг-ун

Рускиот претседател, Владимир Путин, е подготвен да се состане со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, а руските медиуми и...

Досие