Контакт

Европа

Големи количества вакцини со поминат рок се фрлаат во ѓубре во Германија

Објавено пред

Од почетокот на пандемијата против коронавирус, Баварија фрли вкупно 53.000 дози на вакцини, од кои повеќе од половина беа пријавени како неупотребливи уште во јули.

„Зголеменото количество на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица од намалената подготвеност на населението за вакцинација“, соопшти баварското Министерство за здравство на барање на германскиот јавен сервис.

Во Баден-Вуртемберг, на 4.000 дози од вакцината на „Астра зенека“ им истече рокот уште на крајот на јули, поради што тие беа „правилно уништени“, како што пишува Министерството за здравство.

Слични акции беа спроведени и во други германски сојузни покраини.

Сега, кога потребите на домашното население се подмирени, Германија најави дека во наредните денови ќе испорача 1,3 милиони дози на „Астра зенека“ на иницијатива на „Ковакс“, кој дистрибуира вакцини до посиромашните земји. Сојузното министерство, исто така, најави дека ќе ги откаже нарачките за вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во август, во корист на другите европски земји.

На 7 јули, Германија одлучи да донира 30 милиони дози од вакцината на „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ на трети земји. 80 проценти од тоа е наменето за „Ковакс“, додека 20 проценти ќе бидат испорачани директно на одделни земји.

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ нема да бидат дистрибуирани во други земји, тие ќе се чуваат во централното складиште за вакцини за цела Германија.

Европа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Објавено пред

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата.

„Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во период на мир. Сега е време да се вратиме на нормалниот живот“, рече премиерката Ерна Солберг.

Мерките ќе бидат укинати во 16 часот, додаде таа.

Напуштањето на мерките за физичко растојание ќе им овозможи на спортските и културните институции да се вратат во полн капацитет, а рестораните и ноќните клубови ќе работат како претходно.

„Накратко, можеме да живееме како порано“, порача Солберг.

Најмалку една доза од вакцината против Ковид-19 примиле 76 проценти од сите Норвежани, а 67 проценти се целосно вакцинирани, според податоците на Норвешкиот институт за јавно здравје.

„Исто така, сакам да кажам: многу Ви благодарам, Норвешка“, заклучи премиерката.

Во регионот, Данска ги укина сите рестриктивни мерки на 10 септември и оттогаш бројот на заразени во таа земја постојано опаѓа – на денот на укинувањето пред две недели имаше 557, а во четвртокот 341 случај.

Данска, исто така, има високо ниво на вакцинација на населението. Вакцинирани се 86 проценти од оние над 12 години, односно 95 проценти од оние над 50 години.

Прикажи повеќе...

Европа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Објавено пред

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој е познат по тоа што неговите полначи се поинакви и не можат да се користат на други телефони.

Иако најавените промени и натаму не се на сила, сепак „Епл“ уште со самата најава може да биде принуден на одредени чекори.

„Европските потрошувачи веќе долго време се фрустрирани поради тоа што имаат некомпатибилни, а функционални полначи во нивните фиоки. На производителите им дадовме повеќе од доволно време да изнајдат сопствени решенија, но сега е време да воведеме законодавна акција за заеднички полначи”, рече Маргарет Вестангер, шефицата на ЕУ за технологија. Таа додаде дека ова е важна победа за корисниците и околината и во согласност со зелените и дигитални аспирации.

Според Европската комисија, граѓаните на ЕУ во просек поседуваат по три полначи. Меѓутоа, дури 38% од потрошувачите изјавиле дека барем еднаш не биле во можност да го наполнат својот телефон, бидејќи правилниот полнач не им бил при рака. Според Европската комисија, годишно се трошат околу 2,8 милијарди евра за набавка на дополнителни полначи, кои не дошле во комплет со уредот. Европските службеници и претходно правеа напори со цел да ја принудат индустријата да ги стандардизира полначите.

„Епл“ веќе реагираше на новите промени, велејќи дека е загрижен што строгите регулативи кои бараат само еден тип полначи ќе ги обесхрабрат иновациите, што на крајот ќе им наштети на потрошувачите.

Сепак, на крајот, од американскиот технолошки гигант дипломатски додаваат дека ќе се ангажираат со засегнатите страни, за да им помогнат да најдат решение што ги штити интересите на потрошувачите.

Прикажи повеќе...

Европа

Орбан: Воведување локдаун не би било фер кон вакцинираните

Објавено пред

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави денеска дека новото заклучување поради ковид ќе биде неправедно за шесте милиони луѓе кои примиле две дози вакцина, но доколку се воведат какви било ограничувања, тогаш сертификатот за имунизација ќе игра важна улога.

Орбан рече дека постои одреден отпор вакцинацијата да биде задолжителна и дека најдоброто што може да се направи е вакцинацијата да биде задолжителна за здравствените работници, додека приватните лица се охрабруваат да бараат нивните вработени да бидат имунизирани, објави агенцијата МТИ.

Како што нагласи тој за националното радио, Унгарците не би сакале владата да се меша во нивните лични прашања.

По повод 4. Демографски самит, што се одржа вчера во Будимпешта, Орбан рече дека прашањата за индустријата, зеленилото, дигитализацијата се важни, но дека иднината лежи во децата.

„ Ако сакаме да ја видиме нашата земја како дел од Европа, мора да имаме семејства и деца. Западот во моментов не се одржува самостојно“, рече Орбан.

Кога станува збор за прашањата на ЛГБТ-заедницата, Орбан вели дека ги разбира.

„ И нив им треба место под сонцето. Сепак, законот не може да се воведе врз основа на исклучоци. Не прифаќаме дека тие сакаат да ги растат нашите деца. Ние ќе ги растеме“, рече унгарскиот премиер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија4 часа

Министерството за здравство: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија5 часа

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа6 часа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа6 часа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ9 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија9 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија9 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет12 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија12 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет12 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија1 ден

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет1 ден

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ1 ден

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Досие