Контакт

Европа

Кон крајот на ноември Германија ја укинува вонредната состојба од коронавирус

Објавено пред

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, најави укинување на националната епидемиолошка вонредна состојба до крајот на ноември, објави Министерството за здравство.

„Државниот епидемиолошки институт ‘Роберт Кох’  го процени ризикот од инфекција за вакцинираните луѓе како умерен“, рече Шпан.

Тој верува дека, со оглед на моменталната стапка на вакцинација, националната епидемиолошка вонредна состојба воведена на почетокот на пандемијата на крајот на март минатата година може да биде укината на крајот на ноември.

„Со ова, можеме да ставиме крај на вонредната состојба која трае речиси 19 месеци“, рече министерот.

Националната епидемиолошка вонредна состојба служи како основа за носење мерки во борбата против епидемијата од коронавирус.

Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП), кои најверојатно ќе учествуваат во работата на идната коалициска влада, сигнализираа дека не планираат да ја продолжат сегашната вонредна состојба, која Бундестагот последен пат ја продолжи на три месеци во крајот на август.

„Влегуваме во состојба на голема претпазливост од вонредна состојба“, рече тој.

Европа

(Видео) Зграпчен за вратот, претседателскиот кандидат Ерик Земур нападнат на митинг во Франција

Објавено пред

Претседателскиот кандидат на крајната десница, Ерик Земур, беше нападнат на неговиот прв предизборен митинг во Франција, пренесуваат француските медиуми.

Додека 63-годишникот се движел низ толпата кон бината, маж за момент го фатил за вратот пред да интервенираат полицајците од обезбедувањето.

Локалните медиуми јавуваат дека на Земур му бил повреден зглобот и дека лекарите му препишале девет дена одмор.

Поранешниот новинар е познат по своите контроверзни ставови за мигрантите и за Втората светска војна.

По неколку недели шпекулации, Земур минатата недела ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција во 2022 година.

Инцидентот, во кој беше нападнат Земур, е еден од неколкуте насилни судири за време на настанот одржан во неделата вечерта во конгресниот центар североисточно од Париз.

Според локалните медиуми, на митингот присуствувале околу 10.000 луѓе. Наводно, илјадници демонстранти против екстремно десничарскиот политичар маршираа низ градот, а полицијата уапси десетици пред местото на настанот.

Земур бил нападнат додека поминувал низ толпата. Полицијата бргу го уапсила напаѓачот, а портпаролот на партијата на Земур за весникот „Фигаро“ изјавил дека планираат да поднесат правна жалба и ја пофалил храброста на Земур што одржал говор по инцидентот.

Додека го почнуваше говорот, неговите поддржувачи фрлаа столови кон демонстрантите, кои станаа облечени во маици со антирасистички пароли.

„Ако победам на овие избори, тоа нема да биде уште една ротација на власта, туку повторно освојување на најголемата земја во светот“, им порача тој на насобраните за време на говорот.

Прикажи повеќе...

Европа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Објавено пред

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“ и една од креаторите на вакцината на „Астра зенека“.

Гилберт предупредува и дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против новиот сој омикрон и дека луѓето треба да бидат повнимателни додека не се добијат дополнителни информации за оваа варијанта, пренесува Би-би-си.

„Ова нема да биде последен пат вирусот да ни се заканува за нашите животи. Вистина е дека следниот може да биде полош. Може да биде позаразен, посмртоносен или и двете“, рече Гилберт.

Таа вели дека се потребни повеќе средства за да се зголеми подготвеноста за следната пандемија, со цел да не се изгубат досегашните постигнати резултати.

„Напредокот што го постигнавме и знаењето што го стекнавме не смее да се изгуби“, рече Гилберт.

Зборувајќи за сојот омикрон, таа истакна дека неговиот шилест протеин содржи мутации за кои е познато дека го зголемуваат преносот на вирусот.

„Но, има дополнителни промени кои би можеле да значат дека антителата создадени од вакцините или со инфекција со други соеви може да бидат помалку ефикасни во спречувањето на инфекцијата со омикрон“, додаде Гилберт.

Обединетото Кралство вчера забележа 86 случаи на заразени со новиот сој омикрон, со што вкупниот број на заразени од новиот сој досега се искачи на 246 лица.

Прикажи повеќе...

Европа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Објавено пред

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските медиуми.

Од 16 март германската влада сака да ја направи вакцинацијата против коронавирусот задолжителна за сите вработени во болниците, домовите за стари и немоќни лица и другите здравствени установи, според нацрт-законот до кој „Ројтерс“ имал пристап.

Во новинарските извештаи е наведено дека досега Германија избегнуваше воведување задолжителна вакцинација од страв дека може да останат без медицински персонал и негувателки, но сега се одлучи на тој потег бидејќи расте бројот на новозаразени во четвртиот бран на пандемијата.

Социјалдемократите, Ззелените и Либерално-демократската партија, кои в среда ќе формираат нова влада, следната недела ќе го претстават новиот закон пред парламентот, пишуваат медиумите.

Во нацрт-законот се наведува дека вработените во здравствениот и медицинскиот сектор од 15 март ќе треба да имаат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, дека го прележале коронавирусот или поседуваат потврда дека не може да ја примат вакцината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина Карпош ја презентираше својата изборна...

Македонија2 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Економија2 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Македонија2 часа

Со САД негуваме продуктивен политички дијалог, оцени Пендаровски на средбата со Ескобар

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети мислења...

Европа2 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа4 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа4 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет16 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет17 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет17 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа19 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија22 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија23 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија23 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет1 ден

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ1 ден

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет1 ден

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Досие