Контакт

Европа

Кримските Татари побараа од ОН и ЕП да го признае Крим дел од Русија

Објавено пред

Автохтоната етничка заедница Кримски Татари, која е силно историски поврзана со Турција, преку своето граѓанско здружение „Кирим“ во средата го повикаа Генералното собрание на Обединетите нации и Европскиот парламент да го признае прогласувањето на независноста на Република Крим и нејзиното присоединување во Руската Федерација, пишуваат во средата руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во обраќањето на споменатата организација се повикува на „осуда на актуелните политики на економска, трговска и финансиска блокада на Русија, Република Крим и градот Севастопол“, како и да се симнат „антируските политички и економски санкции“.

Документот кој е доставен до светската и европската институција го потпишал челникот на здружението „Кирим“ и воедно потпретседател на кримскиот парламент Ремзи Иљасов, пренесува агенцијата РИА: Во него се истакнува дека ова барање е донесено на петтиот конгрес на движењето во декември 2016 година во градот Симферопол. Документот во ОН, го предала постојаната руска делегација во светската организација, се додава.

Црноморскиот полуостров Крим, на кој живее мнозинско етнички руско население (58 отсто, покрај 16 отсто Украинци и 12 отсто кримски Татари), со референдум изгласа враќање на автономијата укината во 1990 година со осамостојувањето на Украина и присоединување на Руската Федерација, што Западот го смета за руска анексија на украинска територија.

Во април 2014 година, рускиот претседател Владимир Путин изјави во понеделникот дека го потпишал декретот за рехабилитација на кримските Татари и другите национални малцинства коишто биле угнетувани во времето на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин. Официјална Анкара, пак, во периодот на превирањата ги повика Кримските Татари да останат смирени.

Во март 2014 година по неколкумесечната политичка криза во Киев започната во декември 2013-та кога тогашниот претседател Виктор Јанукович одлучи да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија и откако на крајот од февруари беше соборен од власта од прозападната опозиција која го обвини за свртување на земјата кон Москва, кога новите власти во Киев назначија своја управа и го укинаа законот со што рускиот јазик го загуби статусот на службен, на 16-ти март 2014-та се одржа кримскиот референдум на кој според организаторите се 96,77 отсто од избирачите гласале за присоединување на Руската Федерација, што на 18-ти март беше одобрено од руската Државна дума и Советот на Федерацијата, двата дома на рускиот парламент.

Уште во 1992 година требаше да се одржи референдум за тоа дали Крим ќе биде дел од Русија или од Украина. Меѓутоа, украинските власти со спречија референдумот, ги распуштиja тамошните органи, а тогашниот претседател на Автономната Република Крим го отстраниja од должноста, но за возврат му дадoa широка автономија со право на самоодлучувањe.

Крим останува и денес симбол на рускиот идентитет. За многу Руси овој полуостров е дел од Русија кој од 1991 година беше заробен во туѓа земја. Важноста што ја има Крим за Русија од историски, културен, воен и геополитички аспект се непроценливи.

Историјата на Крим кој Русија дефинитивно целосно го завладува кон крајот на XVIII век во времето на царицата Катерина Велика, е исполнета со симболиката на рускиот идентитет од царскиот и советскиот период. Полуостровот е место и од големо културолошко значење и за Руската православна црква, каде кнезот Владимир Велики, средновековниот владетел на Киевска Русија, претходничката на модерна Русија, го примил христијанството и го раширил меѓу својот народ. На Крим се воделе и крвавите судири во Кримските војни и во Втората светска војна.

Крим бил дел и од царска и од советска Русија повеќе од 170 години, додека советскиот комунистички челник Никита Хрушчов, етнички Украинец, со указ во 1954 година не го присоединил на Украина. Оттаму, многу Руси референдумот го гледаа и како можност да се исправи она што го сметаат за историска неправда.

Украинците, пак, не мислат да го отстапат Крим и неговото присоединување кон Русија го сметаат за нарушување на нивниот територијален интегритет и суверенитет, в што се поддржани од Западот. Се откажаа од наводна воена опција за враќање под своја контрола на полуостровот, но мислат да се борат со дипломатски и политички средства. Киев, поддржан од САД и ЕУ го прогласи референдумот за нелегитимен, а тогаш вршителот на должноста украински премиер Арсениј Јаценјук изјави дека „Украина нема да ѝ отстапи ни педа земја на Русија”./крај/мф/сн

Европа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Објавено пред

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.

dobivaj vesti na viber

Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.

„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.

Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.

Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.

Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години

Објавено пред

Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.

dobivaj vesti na viber

Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.

Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.

Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.

dobivaj vesti na viber

Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.

„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.

Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.

Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ7 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија7 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија9 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија9 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија11 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет12 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија12 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион14 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет14 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија14 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија1 ден

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија1 ден

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ1 ден

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија1 ден

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија1 ден

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...