Европа
Лукашенко до Западот: „Секирите“ можат да ви се вратат како бумеранг
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги советуваше западните земји да не користат казнени методи или, како што ги нарече, „секири“, бидејќи тоа може да им се врати како бумеранг.
„Не треба да се користат казнени ‘секири’. Особено што тоа може да има бумеранг ефект.Ова го покажува моменталната ситуација на белоруско-полската, белоруско-украинската граница, белоруско-литванската и белоруско-летонската граница“, рече Лукашенко.
Според него, „работата не е во санкции“, туку во фактот дека е направен обид да ѝ се забрани на Белорусија да гради нуклеарни централи.
„Дали направивме нешто што не е направено? Не. Истата Литванија што лаеше за нуклеарната централа планира да ја направи дома. Меѓутоа, тоа бара мобилизација и соодветна помош, позајми пари од некого, а потоа врати ги. Тука започнува сè“, рече тој.
Лукашенко додаде дека Минск е подготвен да го пренасочи извозот на калиум во руските пристаништа.
„Политичарите (Литванци) сакаат да си пукаат во глава – да ни ги затворат пристаништата со цел да натоварат хемиски и калиумски ѓубрива. Слушајте, ние ќе ја извеземе таа количина, ќе ја натовариме во Мурманск. Тоа не е проблем“, изјави Лукашенко.
Тој нагласи дека Белорусија е подготвена да доставува производи во Кина и Индија по Северноморската рута.
„Повелете, пукајте си во глава. Додека не ја преминеме црвената линија, туркајќи се едни со други во ќорсокак, сега мораме да ја решиме оваа ситуација. Сепак, топката е во вашиот двор“, додаде Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

