Европа
Медиуми: Косовски челник на IS со 400 борци успеал да влезе во Европа

Група од 400 терористи, меѓу кои и еден од челниците на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (IS), успеале да се инфилтрираат од Сирија во Европа како бегалци, пишува британски Daily Mail од 29-ти декември, повикувајќи на се на извори во италијанските разузнавачки служби.
Како челник на оваа група, италијанските служби го посочиле косовскиот џихадист Лавдрим Мухаџери, високо рангиран воен командант на Исламската држава на којашто ѝ се приклучил во 2012 година, кој е познат и како Абу Абдула ал-Косова. Се претпоставува дека меѓу целите на терористите ќе бидат и низа државни институции на Косово, како и српските православни цркви.
На сириското боиште, Мухаџери „се прославил“ не само како терористички водач на џихадистите од неговите родни краишта, туку и како лице кое активно било вклучено во регрутирањето на новите борци на Исламската држава меѓу Албанците, пишува британскиот дневен весник, чии извори наведуваат дека овој 27-годишен џихадист наводно е роден во Македонија, а во минатото имаше информации и дека се криел во некои до скопските села.
Повикувајќи се на изворите во италијанското разузнавање, претходно оваа инфорамција од италијанските безбедносни служби ја објави и италијанскиот дневен весник L’Espresso кој натаму пишува дека Мухаџери и „армијата негови следбеници“ ја напуштиле воената зона во Сирија, откако Исламската држава претрпела големи загуби во регионот. Преправени како бегалци, тие успеале да влезат на европска територија со илјадниците други имигранти, а пограничните власти не успеале да го утврдат нивниот идентитет. Тој се појавува во едно пропагандистичко видео, а на интернет се поставени фотографии од неговото свирепо постапување со заложниците.
Соговорниците на Daily Mail велат дека во моментов тој се вратил во татковината, и оти тоа не било првпат тој да успее незабележано да влезе на Косово и повторно да замине за Сирија, а тоа го сторил во 2013 година.
Весникот тврди дека Мухаџери заедно со својот соборец Ридван Хаќифи се одговорни за плановите за напади врз меѓународните и владините институции на Косово со цел на таа територија да го зацврсти присуството на групацијата, за потенцијални експлозии и напади врз српските православни храмови, како и за терористичкиот напад врз фудбалската репрезентација на Израел во текот на нејзиното ланско гостување во Албанија.
Во ноември минатата година на територијата на Косово и на Албанија беа приведени за 12 дена 19 лица кои беа осомничени дека подготвувале терористички напади во регионот и оти се поврзани со ткн Исламската држава. Меѓу нивните планови, како што соопштија тогаш албанските власти, наводно бил и терористички напад на фудбалскиот меч меѓу Албанија и Израел кој се одигра на 12-ти ноември. Тогаш албанските власти го преместија одигрувањето на мечот од северниот град Скадар во Елбасан, близу главниот град Тирана, поради можен напад од милитантите, а четири лица беа уапсени под обвинение за тероризам.
Косовските медиуми тогаш објавија дека терористите биле поделени во групи кои ги координирал Мухаџери, за кој претходно неколкупати имаше информации дека загинал на боиштата на Блискиот исток./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Секој ден расте опасноста за нуклеарната централа Запорожје, велат украинските власти

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од една недела, „се зголемува секој ден“, изјави градоначалникот на градот каде што е централата.
„Опасноста се зголемува секој ден“, рече Дмитро Орлов, градоначалник на Енерходар во телефонски разговор за АФП, осудувајќи го рускиот „вистински нуклеарен тероризам“, кој „во секој момент може да заврши со непредвидени последици“.
„Нуклеарната централа е гранатирана секој ден и ноќ од окупираните села“ – додаде тој и рече дека „ситуацијата е сериозна и најзагрижувачко е што нема процес на деескалација“.
Енерходар, како и нуклеарната централа Запорожје, беа заземени од руските сили на почетокот на март.
Дмитро Орлов, лојален на Киев, се засолни во Запорожје, голем град во областа.
Нуклеарната централа Запорожје од минатата недела е цел на гранатирање, за што двете страни меѓусебно се обвинуваат, што ги подгрева стравувањата од нуклеарна катастрофа, поради што во четвртокот се состана Советот за безбедност на ОН.
Европа
(Видео) Полицијата го бара возачот кој со „формула“ возеше на автопат во Чешка

Возачите на автопатот во Чешка беа изненадени кога забележаа „формула“ зад, до, но и пред нив.
Чешката полиција соопшти дека трага по возачот на „формула“, кој со голема брзина се движел по чешкиот автопат.
Someone took an old GP2 car on a highway joyride in the Czech Republic.
Police have not been able to identify the driver and are looking for him.
????: @MigueluVe pic.twitter.com/rNgr8j87H0
— Dan – EngineMode11 (@EngineMode11) August 14, 2022
Социјалните мрежи беа преплавени со видео снимки од возачи на автопат кои ги престигнува Формула 1 болид.
Снимката доаѓа од автопатот кај Прибрам во Чешка, а припадниците на полициската служба бараат помош од граѓаните доколку имаат повеќе информации.
Анализирајќи го болидот, јасно е дека не се работи за болид од Формула 1, туку за постар модел на автомобил GP2, кој е забрането да се вози по јавни патишта.
Европа
Голем пожар во Шпанија – осум села и 1.500 луѓе се евакуирани

Голем пожар во североисточна Шпанија брзо се проширил во текот на ноќта и денеска е надвор од контрола, а осум села и 1.500 луѓе се евакуирани во провинцијата Сарагоса, соопштија пожарникарите.
Претседателот на локалната власт на Арагон, Хавиер Ламбан, изјави дека ситуацијата е критична во градот Анон де Монкајо и дека приоритет на 300-те пожарникари кои го гаснат пожарот е да ги заштитат човечките животи и селата, пренесе АП.