Европа
Меркел ги отфрли обвинувањата од Ердоган за „нацистичко однесување“
Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот ги отфрли обвинувањата од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за „нацистичко однесување“, откако локалните власти во Германија го спречија турски министер да се обрати на турски предизборен митинг во земјата, пренесуваат светските агенции.
„Не можам сериозно да коментирам такви непримерни изјави“, рекла Меркел запрашана што мисли околу изјавата на Ердоган. Последните денови растат тензиите помеѓу двете земји поради турските планови нивните министри да се обратат на собирите за поддршка организирани во Германија и Холандија преку поддршка на турскиот референдум за уставните реформи со кои на шефот на државата би му се дале повеќе овластувања.
Повеќе германски општини минатата недела ги откажаа собирите за поддршка на турската влада, на кои требаше да учествуваат турски министри. Како причина за откажување се наведени логистички потешкотии, како и тоа дека не биле известени за доаѓањето на тие претставници.
Портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт претходно рекол дека германската влада „одлучно одбива“ изедначување на современа и нацистичка Германија и дека таквите паралели ги намалуваат злосторствата на нацистите. Зајберт додал дека Германија и Турија постојат големи општествени, економски и воени врски, но дека и моментално постојат „големи разлики во ставовите“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

