Европа
Напаѓачот од Лувр тврди дека не добил наредби од IS
Египќанецот кој ги нападна војниците пред парискиот музеј Лувр и притоа беше застрелан во стомакот, изјавил во текот на сослушување во понеделникот дека не добил наредба од џихадистичката организација Исламска држава (IS), дознава AFP во средата од извор близок на истрагата.
Абдалах Реда ал-Хамами, 29-годишен државјанин на Египет, појаснувал дека дејствувал самостојно и дека со него не управувала Исламската држава кога влегол во комплексот Карусел ду Лувр, за да изведе, како што рекол „симболична акција против Франција“.
Неговиот напад со мачета врз војниците кои патролирале пред музејскиот комплекс е карактеризиран како терористички напад. Иследниците сметаат дека тој ги споделува екстремните ставови на Исламската држава.
Обвинетиот објаснувал дека сакал да го нападне симболот на Франција по нападите на меѓународната коалиција „на браќата во Сирија“. Во неговиот ранец е пронајден спреј со којшто, како што рекол, сакала да уништи уметнички дела во музејот.
Напаѓачот првично одбиваше да разговара со иследниците. Во текот на нападот кога извикувал „Алаху Акбар“, е ранет во стомакот, а во понеделникот во текот на третото сослушување во болницата „Жорж Помпиду“ почнал да одговара на прашањата.
Иследниците се обидуваат да утврдат кои биле мотивите за нападот на овој Египќанец со престој во Обединетите Арапски емирати, кој како турист влегол во Франција на 26-ти јануари со лет од Дубаи.
Засега никој не ја презема одговорноста за неговата акција, а во текот на претресот на станот кој го изнајмил во Париз не се најдени елементи коишто би укажувале на припадност на некоја џихадистичка групација. Не е јасно, пак, каде и како ја набавил мачетата со која повреди еден од војниците.
Иследниците го анализираат твитот којшто го испратил пред нападот во кој пренесол дел од говорот на портпаролот на исламската држава, убиен во напад на антиџихадистичката коалиција на 30-ти август во Сирија.
„Ќе го испитуваа истражен судија кога леарите ќе одредат дека неговата здравствена состојба тоа го дозволува“, изјавил во вторникот судски извор.
Франција во 2015 и 2016 година ја зафати бран џихадистички напади во кои се убиени 238луѓе, а повеќе стотици се ранети./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“.
Видеото го прикажува моментот на нападот.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

