Европа
ОБСЕ регистрирало движење на ракетни системи во Донбас
Во зоната на раздвојување во источна Украина која е под контрола на силите лојални на властите во Киев регистрирани се разместувања на три ракетни система „Град“ и воздушно ракетен систем „Стрела-10“, се наведува во соопштението на Специјалната набљудувачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) објавена во извештајот од неделата на набљудувачите и се додава дека се забележани натамошни нарушувања на прекинот на огнот во областа Донбас.
„Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ регистрираше случаи на нарушување на ‘режимот на тишина“ во Донбас. Вкупно се регистрирани 1.200 експлозии, од кои најголемиот дел се на линијата Јасиноватаја – Авдеевка – аеродром Донбас“, се наведува во извештајот. Набљудувачите продолжуваат со истражувањето на резултатите од последните напади во областа на градот Авдеевка, кој е под контрола на украинската армија и „доброволечките одреди“, иако е населен со мнозинство жители кои се изјаснуваат како и оние во шест километри оддалечената одметната самопрогласена ткн Народна Република Донецк.
Набљудувачите на ОБСЕ, исто така, регистрирале и бројни уништувања во населените места, но конкретно не се посочуваат за кои места станува збор и кој е одговорен за тие нарушувања.
Нарушување на договорот од Минск, според кој тешкото вооружување, особено артилериското треба да биде повлечено на повеќе десетици километри од линијата на фронтот, набљудувачите забележале и два тенка од моделот „Т-64“ во близина на селото Василевка, покрај лансирните системи „Град“ во близина на селото Суха Балака, како и противвоздушен систем „Стрела-10“ кај населеното место Лебединско.
Контактната група за решавање на конфликтот во источна Украина на 1-ви февруари во текот на состанокот во белоруската престолнина Минск бараше итен прекин на огнот во Донбас и до 5-ти февруари да бидат повлечено сето вооружување и воена техничка по целата на линија на раздвојувањето.
Во меѓувреме, постојаниот претставник на Руската Федерација во ОБСЕ, амбасадорот Александар Лукашевич, изјави дека повлекувањето на тешкото вооружување на украинските сили не се презема поради провокациите на Киев.
Според коментаторите, властите во Киев се инструирани да ја тестираат новата американска администрација во однос на најавите на претседателот Доналд Трамп за намерите за затоплување на односите со Русија којашто Западот ја обвинува дека има влијание врз украинскиот конфликт.
„Станува збор, се разбира, за ситуацијата по решението на Контактната група на 5-ти февруари да биде повлечено оружјето. Тоа не е сторено поради постојаните провокации од страна на Украина, која продолжува со гранатирањата и распоредување нова воена техника“, рече Лукашевич.
Тој, исто така, рече дека не верува ниту оти проширувањето на ткн „Нормандиски формат“ (Украина, Русија, Франција и Германија) би можел да го забрза постигнувањето мир во Донбс./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

