Европа
Полска: Лидерот на антивладините протести ѝ зададе удар на опозицијата затоа што земал пари
Челникот на континуираните масовни антивладини протести призна во четвртокот дека земал пари од таа организација, со тоа задавајќи ѝ удар на парламентарната опозиција, но рекол дека финансиите биле наменети за работа која ја извршил, пренесува агенцијата Reuters.
Владејачката конзервативна партија Правда и справедливост (PiS) ја повика политичката опозиција да ги прекине врските и соработката со Матеуш Кијовски, челникот на Комитетот за одбрана на демократијата (KOD).
Челниците на полската опозиција, исто така, од Кијовски побарале итно образложени во врска со овие сознанија.
Полскиот дневен весник Rzeczospolita и информативниот портал Onet.pl објавија дека Матеуш Кијовски префрлил повеќе од 90.000 злоти, односно 22.000 американски долари, од донациите наменети за KOD на својата приватна сметка.
Информацијата дојде во текот на третата седмица протести на пратениците на опозицијата во Сејмот (полскиот парламент), кои ја блокираа главната пленарна сала од 15-ти декември поради предлогот на владејачкото мнозинство да се ограничи пристапот на медиумите во парламентот.
Кијовски, кој минатата година организираше десетици протисти против конзервативната влада на PiS, тврди дека парите се префрлени за претходно договорен ангажман за организацијата чијшто челник е/
Опозициските пратеници, од кои многумина се блиски со Кијовски, наизменично изминатите дваесетина дена седат во парламентот во текот на празничната пауза и прекинот на заседанијата, ветувајќи дека ќе ги продолжат протестите се додека PiS не го повторни гласањето за буџетот за 2017 година кое се одвиваше во помошна сала, бидејќи опозицијата ја блокираше главната сала./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

