Европа
САД ветуваат покомплексни вежби во Европа како одговор на „руската агресија“
Американската армија вети во неделата дека ќе го зголеми опсегот на сложеноста на европските воени маневри како одговор на наводната руска агресија, а во Германија пристигнаа засилувањата во тенкови, камиони и друга опрема со која НАТО го јакне своето источно крило на европскиот континент.
„Да бидам јасен: ова е дел од нашите потези да ѝ се спротиставиме на руската агресија, да го осигуриме територијалниот интегритет на нашите сојузници и да ја одржиме Европа цела, слободна, просперитетна и мирна“, изјави генерал-полковникот на американските воздухопловни сили Тим Реј, заменик на американската команда во Европа.
Реј ја нагласи силната приврзаност на САД на Европа во текот на својата посета на Бремерхавен, германско пристаниште на северот од земјата во кој го одбележа пристигнувањето на повеќе од 2.800 парчиња воена опрема којашто повеќе од 4.000 американски војници ќе ја користат во вежбите на НАТО со членките кои граничат со Русија.
Засилувањето на силите на НАТО и САД во источна Европа доаѓа неколку дена откако американските разузнавачки агенции го обвинија рускиот претседател Владимир Путин дека наредил кибернетички напади и ширење на лажни вести со што влијаел на американските претседателски избори да победи Доналд Трамп со дискредитирање на демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Реј истакна дека речиси 70.000 војници во Европа забрзано се прилагодуваат на променливите стратешки предизвици како што се наводните руски воени операции во Украина, мигрантските бранови од Сирија и исламскиот радикализам. Американската војска и НАТО ја јакнат својата способност брзо да одговорат на новонастанатите закани, со тоа што создаваат резерви од опрема и ја обновуваат запуштената европска инфраструктура.
„Новодојдените тенкови и камиони се само дел од поголемото вооружување кое вклучува и опрема за простор, кибернетички простор, воздух и земја“, истакна Реј.
Американските и полските единици се подготвуваат за големи вежби кои ќе се одржат кон крајот на јануари. Американските функционери изјавија дека годинешните вежби ќе бидат фокусирани на подобра интеграција на различните воени компоненти и домени, наместо да се насочат на поединечни подрачја како супериорност во воздухот, како што тоа го правеа порано./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

