Контакт

Европа

Старџен во писмо бара од Меј референдум за независност

Објавено пред

Шкотската премиерка Никола Старџен ѝ пишала на британската колешка по должност Тереза Меј и официјално од неа побарала дозвола за одржување на втор референдум за независност на Шкотска пред излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, објавено е во петокот кога писмото би требало да биде врачено.

dobivaj vesti na viber

Без Брегзитот, за кој гласаа 52 отсто од Британците, но го отфрлија 62 отсто од шкотските избирачи, шкотската премиерка Никола Старџен немаше толку рано да го бара новото изјаснување за независност, три години по првото кога заговорниците за независноста на контроверзниот плебисцит загубија со 45 наспроти 55 отсто.

Шкотскиот парламент гласаше во вторникот за одржување на референдумот за независност во периодот меѓу есента 2018 и пролетта 2019 година, но британската влада во Вестминстер мора да даде дозвола за тоа. Добивајќи го мандатот од шкотскиот парламент, Старџен ѝ напишала писмо на Меј за од неа официјално за распишување нов референдум.

На својот профил на Twitter шкотската влада објави фотографија на Старџен како опуштено седи на софа со пораката „Премиерката Никола Старџен во (официјалната резиденција) Бат Хаус во Единбург работи на завршниот нацрт на писмото за Членот 30 на премиерката Тереза Меј“.

Одлуката за Членот 30 е формален механизам со кој владата на Обединетото Кралство привремено му ги предаде овластувањата на шкотскиот парламент да организира референдум. Медиумите наведуваат дека писмото ќе ѝ биде врачено на Меј во петокот.

Старџен инсистира на нов референдум, бидејќи Брегзитот ќе ги измени односите меѓу Шкотска и Обединетото Кралство и Европската унија спротивно на волјата на мнозинството нејзини жители. Меј, пак, смета дека Шкотска веќе го кажала своето мислење на првиот референдум. Двете премиерки се сретнаа во понеделникот, по што Старџен за BBC откри дека средбата била срдечна, но дека Меј не се откажала од својот став дека сега „не добар момент“ за нов референдум./крај/мф/сн

Европа

Зеленски: Украина заслужува оваа година да започне преговори за членство во ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Беше објавено и дека земјите од ЕУ планираат да обучат 30.000 украински војници.

Шефот на Комисијата на состанокот во Киев рече дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата во Украина.

Лидерите на ЕУ ја пофалија Украина за „значајните напори“ во напредокот кон членството, но Киев треба да спроведе повеќе реформи, се вели во соопштението објавено по самитот во Киев.

„Верувам дека Украина заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ веќе оваа година. И благодарам на претседателката на Европската комисија, нејзините колеги и нашите пријатели во ЕУ за значајната поддршка на патот на интеграцијата и заштитата на нашата земја и народ“ – рече Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Лавров до Молдавија: Може да станете следната Украина

Објавено пред

Додека водат освојувачка војна во Украина, од Кремљ им се закануваат и на другите соседни земји.

dobivaj vesti na viber

На прашањето која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антируски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, кусо рече – Молдавија.

Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Украина“.

Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“.

Лавров изјавил дека тенденцијата на сегашните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антируска политика“, пренесува Јутарњи.

Инаку, Молдавија веднаш по руската агресија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби статус на кандидат, но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што таму требаше да бидат направени измени на уставот според кој Молдавија е воено неутрална земја.

Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“.

Во Кишињев ваквите зборови на шефот на дипломатијата на Путин беа прфатени како отворена закана и сметаат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија.

Молдавија е една од најсиромашните земји во Европа, со силно проруско влијание, но сега на власт дојдоа прозападните опции, предводени од претседателката Санду, која сака да ја сврти земјата кон Брисел.

Молдавија бара од Западот да и помогне со вооружување, особено што молдавската армија е една од најслабите вооружени и опремени во Европа.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Анкета: Повеќето Финци поддржуваат влез во НАТО без Шведска

Објавено пред

Мнозинството фински граѓани се за продолжување на приемот на земјата во НАТО без Шведска, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Околу 53 отсто од испитаниците во анкетата на истражувачката компанија „Талоустуткимус“ биле против идејата да се чека Шведска, која би можела да се соочи со одложувања поради турското противење, објави весникот Илта-Саномат.

Околу 28 отсто сакале Финска да напредува само со својот сосед.

Општо земено, 82 отсто од испитаниците ја поддржале одлуката на Финска да стане дел од НАТО, а само осум отсто биле против, се наведува во извештајот.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за приклучување кон НАТО минатиот мај, напуштајќи го децениското воено неврзување, одлука поттикната од руската војна против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година.

Сепак, Турција, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, искажува приговори, обвинувајќи ги двете земји дека ги толерираат, па дури и ги поддржуваат организациите, вклучително и ПКК и ФЕТО, групата која стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо...

Регион37 минути

“Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња” – куп навреди за Македонците од ексбугарскиот амбасадор

Скандалозното однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската...

Македонија1 час

Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се...

Регион2 часа

Адвокатот на приведените Бугари: Шест часа биле тепани и врзани со лисици

Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на...

Македонија3 часа

(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони...

Македонија4 часа

Димитриевски: Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе...

Регион4 часа

Првиот човек на бугарската фондација во Македонија: На границата имаше физичко насилство врз приведените бугарски државјани

Претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов обвини дека на границата вчера имало физичко насилство врз приведените бугарски државјани. Тој за...

Македонија4 часа

Почина судијата Огнен Ставрев

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови....

Свет5 часа

Зеленски им го одзеде државјанството на поранешни политичари: Ја чистиме земјата од руско влијание

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како последен чекор за „прочистување“ на...

Регион6 часа

Масовни апсења во Турција: Подготвувале терористички напади врз конзулатите на Шведска и Холандија

За време на операција во Истанбул, турските безбедносни сили уапсија 15 лица кои се осомничени дека примале инструкции за подготовка...

Свет6 часа

Почина Первез Мушараф

По долго и тешко боледување во Дубаи почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф, соопшти пакистанската војска. Во изјавата испратена...

Свет6 часа

Пекинг се закани со одговор на американското соборување на кинескиот балон

По вчерашното соборување на кинескиот шпионски балон над Атлантикот, официјален Пекинг денеска жестоко реагираше. Кинеските власти соопштија дека го задржуваат...

Македонија15 часа

Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија....

Свет17 часа

(Видео) САД го собори кинескиот шпионски балон

Американската војска го собори кинескиот шпионски балон кој леташе над Атлантскиот Океан, пренесува „Фокс њуз“. Овој балон леташе над територијата...

Регион18 часа

Бугарско МНР: РСМ со денешните постапки им задава сериозен удар на билатералните односи

Неприфатливо е однесувањето на властите во Република Македонија кон бугарските граѓани на денешниот 4 февруари, тие сериозно го нарушија процесот...

Македонија21 час

(Видео) Ѓорѓиев: Делчев го чкртнал Уставот на организацијата каде пишувале Бугари, тој е Македонец

На денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години...

Регион23 часа

Џамбаски: Омразата продолжува да расте на секој можен начин

Европратеникот Ангел Џамбаски ги обвини македонските гранични власти дека со часови не ги пуштале бугарски државјани и намерно биле спречени...

Регион1 ден

(Видео) Бугарски портали: Македонските полицајци го тепаа бугарскиот пратеник Георгиев

На граничниот премин меѓу Бугарија и Северна Македонија – Гуешево-Деве баир македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот...

Македонија1 ден

(Видео) Бугарите положија цвеќе кај Делчев: Ќе ви подариме агрегатори за да не ви паѓа граничниот систем, очекува сите да бидат пуштени во Македонија

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев положи венец со цвеќе на гробот на...

Регион1 ден

Борисов: Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на РСМ и Бугарија

Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на Бугарија и РС Македонија. Ова го напиша Бојко...