Европа
Франција: Полицијата испрашува помошници на Лепен поради наводните лажни работни места во ЕУ
Француската судска полиција го испрашуваат телохранителот на крајна десничарскиот кандидат за претседател Марин Лепен и шефот на кабинетот во врска со истрагата за наводната злоупотреба на фондовите на Европската унија, изјави нејзиниот адвокат Марсел Сесалди.
Испрашувањето, како и вчерашната рација во седиштето на партијата Национален фронт (FN), се дел од истрагата за исплата на хонорари на помошници во европскиот парламент иако тие наводно воопшто не работеле во парламентот туку биле на други работни места, пренесува Reuters.
Адвокатот изјави дека аферата е манипулација со цел дестабилизирање на изборната кампања на Лепен. Таа претходно негираше дека сторила нешто да плати парламентарни соработници, изјави нејзиниот адвокат во средата.
Марсел Сесалди рече дека аферата е „манипулација” со цел дестабилизирање на изборната кампања на Националниот фронт, чијашто кандидатка за пролетните претседателски избори, според сите анкети ќе победи во првиот изборен круг.
Лепен претходно негираше каква и да е злоупотреба. /крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Погоден нафтен терминал во Русија, има загинати
Во напад врз нафтен терминал во близина на селото Волна во руската Краснодарска област загинаа две лица, соопшти гувернерот Венијамин Кондратиев доцна вчера вечер.
„Нафтениот терминал моментално е во пламен, погодени се четири резервоари со нафтени производи. 29 парчиња опрема и 97 лица, вклучувајќи ги и припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации, се ангажирани во отстранувањето на последиците“, рече Кондратиев.
On Wednesday evening, Ukraine carried out strikes on the Tamanneftegaz oil and gas terminal located near the settlement of Volna in Krasnodar Krai, southern Russia.
A video below shows the activity of Russian air defenses in the area and the moment of one of the Ukrainian… pic.twitter.com/GBEXwOiJx1
— Status-6 (War & Military News) (@Archer83Able) January 21, 2026
Тој додаде дека ова е втора ноќ по ред Краснодарската област да биде изложена на напади. Во ноќта од вторник кон среда, беспилотно летало ја погоди рафинеријата Афипски. Во објектот избувна пожар. Тоа е една од најголемите рафинерии во јужна Русија, која и претходно беше цел на напади со беспилотни летала. Пожари беа регистрирани таму и по нападите во септември и ноември минатата година.
Украина ги смета руските енергетски објекти за воени цели бидејќи тие директно ја финансираат војната на Русија против Украина. Киев редовно извршува напади длабоко на руска територија со цел да ги ослабне воените способности на Кремљ.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно
Украина сака да „убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на прес-конференција, наведувајќи ги своите приоритети за мандатот.
Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е да управува со системот.
„Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, рече тој.
Тој го наведе зголемувањето на руските жртви како втора стратешка цел. „Втората стратешка цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, рече тој. Додаде дека, според украинските податоци, минатиот месец биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со снимки“.
„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостатокот на овој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Оваа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.
Европа
Франција бара воена вежба на НАТО во Гренланд
Франција побара НАТО да одржи воена вежба на Гренланд и е подготвена да учествува, соопшти Елисејската палата, објави Си-Ен-Ен.
Франција, заедно со други европски земји, минатата недела распореди дел од воениот персонал на Гренланд за да учествува во посебна заедничка вежба предводена од Данска.
Ова доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги засили заканите за анексија на арктичкиот остров со сила. Неговите изјави го доведоа во прашање деценискиот безбедносен сојуз предводен од САД во Европа.
Што е воена вежба на НАТО?
Вежбите на НАТО ги свикува командантот на НАТО и можат да бидат со големина од неколку офицери до „вежби од целосен обем што вклучуваат борбени сценарија што вклучуваат авиони, воени бродови, артилерија, оклопни возила и илјадници војници“, вели НАТО на својата веб-страница.
Земјите-членки на НАТО учествуваат во вежбите со обезбедување национални придонеси во форма на војници, опрема или друга поддршка. „Земјите учеснички генерално ги финансираат своите национални придонеси“, наведува НАТО.

