Европа
Борел: Немам сопствен склад за муниција овде во Брисел
Европската Унија нема свое складиште за муниција за Украина, но гранатите мора да ги достават земјите од алијансата, изјави шефот на дипломатската служба на Европската Унија, Жозеп Борел, по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на Европската Унија.
„Немам сопствен склад за муниција овде во Брисел“, рече Борел на прашањето дали Брисел може да го исполни ветувањето и да ѝ испорача милион артилериски гранати на Украина до март 2024 година.
Тој нагласи дека земјите од ЕУ испорачале над 300.000 гранати во Украина од нивните магацини, а сега „задача на земјите од ЕУ“ е да ја произведат потребната количина муниција и да ја испратат во Украина.
Како што истакна шефот на германското Министерство за одбрана, Борис Писториус, пред средбата во Брисел, Европската Унија нема да може да го исполни ветувањето дека навреме ќе му достави милион гранати во Киев. Тој објасни дека од самиот почеток имало мислења оти планот е нереален поради недоволниот капацитет за производство на муниција.
„И, за жал, се покажа дека тие биле во право“, нагласи тој.
И покрај тоа, сите одговорни моментно се обидуваат да ги забрзаат производните процеси, објасни тој, пренесува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.