Европа
(ВИДЕО+ФОТО) Лукашенко: Провокаторите во Белорусија се спонзорирани од американски и германски фондови
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека американски и германски фондови одвојуваат пари за провокациите во неговата земја. Од прес-службата на претседателот истакнаа дека финансирањето на соодветната незаконска активност “генерално е изработена во Литванија и Полска”.
Лукашенко посочи дека оние луѓе кои излегоа на протести, „сакале да си решат свои прашања“.
Претходно беше соопштено дека Комитетот за државна безбедност на Белорусија поднесол кривични пријави против 26 приведени лица во врска со обука и подготовка за учество во масовни немири. Специјалните служби не ја исклучуваат можноста дека кај активистите имало оружје кое би можело да биде искористено во протестните маршеви кои беа одржани на 25 март.
Покрај тоа, службите располагаат и со информации дека провокаторите планирале пристигнување на криминалци од Украина. Утврдено е дека приведените се “активисти на младински организации” , кои се тесно поврзани со Уна-УНСО.
Според белоруските медиуми, уапсени се 26 лица. Сите се “активисти” на белоруското младинско националистичко обединување “Бела легија” на чело со Мирослав Лозовски, како и на “Младинскиот фронт” на чело со Дмитриј Дашкевич.
“Во случајот со” Белата легија “имаме дело со професионално подготвени бандити на возраст меѓу 23 и 43 години”, вели извор од силите за безбедност на Белорусија, цитиран во понеделникот од агенцијата БелТА.
Претходно вработените во силите за безбедност уапсија неколку десетици учесници во „незаконска акција на опозицијата, посветена на т.н. Ден на волјата„. Се збележува дека целта била блокирање булеварот во центарот на главниот град Минск.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.










