Европа
(Видео) Активисти за заштита на животната средина ги залепија рацете на сликите на Гоја во Мадрид
Две активистки за заштита на животната средина ги залепија рацете на рамки од сликите на Гоја во Мадрид, со што го осудија непостапувањето на властите во борбата против глобалното затоплување, соопшти шпанската полиција.
Тие не ги оштетиле платната, туку напишале „+1,5°C“ на ѕидот меѓу двете слики, што се однесува на крајната цел за затоплување поставена од меѓународната заедница.
🛑🛑 ÚLTIMA HORA
Nos pegamos a “Las Majas” de Goya en el Museo Del Prado.
La semana pasada la ONU reconocía la imposibilidad de mantenernos por debajo del límite de aumento del Acuerdo de París de 1.5° de temperatura media respecto a los niveles preindustriales. pic.twitter.com/0buAMbeziJ
— FuturoVegetal (@FuturoVegetal) November 5, 2022
И двете се уапсени и приведени, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин
Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот погодувајќи фабрика во Украина.
Украинските власти во четвртокот известија дека фабрика во централниот украински град Днепар била погодена од балистичка ракета со среден дострел. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека лансиорањето на експерименталната ракета „Орешник“ е одговор на употребата на американски и британски ракети, кои се способни да погодат подлабоко во руска територија.
Украинската безбедносна служба вчера на новинарите им ги покажа остатоците од новата експериментална балистичка ракета. Ракетата наречена „Орешник“ (на руски значи лешник), наводно е базирана на интерконтиненталната балистичка ракета „РС-26“, „Рубеж“, и може да носи нуклеарни или конвенционални бојни глави.
Остатоците, кои сè уште не се детаљно анализирани, открија јагленосани остатоци и уништени компоненти. Според безбедносните службеници, деловите им биле прикажани на медиумите пред истражителите да ги извлечат на непозната локација во Украина.
Европа
Се состануваат министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Велика Британија
Министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Обединетото Кралство денеска во Берлин разговараат за мерките за зајакнување на безбедноста и одбраната во Европа.
Руското истрелување на нова ракета со среден дострел кон Украина, за која се смета дека има импликации за цела Европа, најверојатно ќе биде главна тема на разговор.
Германецот Борис Писториус, Французинот Себастиен Лекорну, Британецот Џон Хили, Полјакот Владислав Косињак-Камиш и Италијанецот Гвидо Кросето исто така се состануваат пред враќањето на критичарот на НАТО, Доналд Трамп на функцијата претседател на САД.
Трамп, кој треба да биде инаугуриран на 20 јануари, побара од Европа да инвестира значително повеќе пари во сопствената безбедност и се очекува да ја намали воената помош за Украина.
По неодамнешното одобрение од Вашингтон, Украина почна да ги користи ракетите ATACMS од САД и британските крстосувачки ракети Storm Shadow за гаѓање воени локации во Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин потоа нареди ракетен напад врз украинскиот град Днепар, кој има повеќе од еден милион жители, со нова ракета со среден дострел во четвртокот наутро.
Тој рече дека новата ракета Орешник е единствена и ќе оди во масовно производство. Москва вели дека проектилот лета со хиперсонична брзина, што го оневозможува пресретнувањето на противвоздушните системи. Експертите претпоставуваат дека проектилот технички би можел да биде опремен со нуклеарни боеви глави.
Европа
(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија
Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана.
Коваленко вели дека фабриката произведува комуникациски системи, електронска разузнавачка и радарска опрема и прави компоненти за системи за надзор и наведување за воена опрема.
In Kaluga, the Typhoon factory, which is part of the russian military-industrial complex TsPD, was also attacked
This plant is engaged in:
— Development and production of radio-electronic equipment
— Production of components for surveillance and control systems installed on… pic.twitter.com/m35xdilDsk
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) November 25, 2024
„Тајфун“, исто така, произведува делови за системи за противвоздушна одбрана, авиони и ракетни системи и одржува опрема за руската војска.
Фабриката произведува и специјализирана опрема потребна за интеграција на различни воени системи.
Руските канали на Телеграм пишуваат дека беспилотните летала биле соборени во Калуга ноќта меѓу 24 и 25 ноември. Гувернерот на руската област Калуга изјави дека остатоците од едно од беспилотните летала паднале на подрачјето на индустриско претпријатие и предизвикале пожар.