Европа
Во Британија паѓа економскиот пораст
Економскиот пораст во Британија е намален откако падна продажбата на автомобили и производниот сектор е во застој, соопштува Агенцијата за државна статистика (ОНС).
Економијата бележи бавен пораст од 0,4% од август до октомври, во споредба со порастот од 0,6% до септември, а се забележува и дефицит во трговијата.
„Бруто домашниот производ бележи бавен раст оваа есен поради пад во услужниот сектор, како и намалена продажба на автомобили“, велат од ОНС.
Од агенцијата додаваат дека намалената продажба на автомобили главно се должи на порастот во ИТ-секторот, како и сметководството.
„Производството не бележи пораст во последните три месеци, главно поради падот во фармацевтската индустрија.
„Забавено се движи и порастот во градежниот сектор, но сепак нема пад во инфраструктурата.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Норвешка ги затвора границите за руските туристи
Норвешка денеска објави дека набргу ќе ги затвори границите за руските туристи не дозволувајќи им директен пристап до шенген-зоната. Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија на Украина. Скандинавската земја дели 198 километри копнена граница со Русија на Арктикот.
„Одлуката за заострување на правилата за влез е во согласност со пристапот на Норвешка да застане на страна на своите сојузници и партнери како одговор на илегалната агресија на Русија против Украина“, рече министерката за правда, Емили Енгер Мехл. Норвешка, членка на НАТО, речиси престана да издава туристички визи за руските граѓани од пролетта 2022 година.
Само имателите на долгорочна виза издадена пред тој датум или поседуваат виза издадена од друга земја од шенген-зоната можеа да го поминат граничниот премин Сторски – Борис Глеб, единствениот копнен премин меѓу двете земји. Од 29 мај ќе им биде забранет влез во Норвешка.
Предвидени се исклучоци, соопшти Министерството, особено за руските граѓани што ги посетуваат членовите на блиското семејство што живеат во Норвешка и оние што работат или студираат во таа земја или други земји од шенген-зоната. Иако не е членка на ЕУ, Норвешка е тесно поврзана со неа и ги усвои речиси сите санкции што Брисел ги воведе против Русија.
Европа
Уапсен заменикот на моќниот генерал на Путин
Генерал-полковник Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Валериј Герасимов, е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми.
„Комерсант“ пишува дека куќата на Шамарин била претресена, а потоа бил одведен на распит. Ова е четврто апсење висок функционер во руската одбрана од април кога заменик-министерот за одбрана, Тимур Иванов, беше ставен во истражен затвор поради сомнение за примање поткуп.
Оттогаш уапсени се и генерал-полковник Јуриј Кузњецов, началник на Генералштабот во Министерството за одбрана, и генерал-мајор Иван Попов, поранешен командант на руската 58. армија. Низата апсења доаѓаат во време на големи промени во одбранбениот естаблишмент на Русија откако претседателот Владимир Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер претходно овој месец заменувајќи го со Андреј Белоусов.
Инаку, во 2020 година беше уапсен Халил Арсланов, претходникот на Шамарин на позицијата началник на Главната управа за комуникации. Тогаш Арсланов беше обвинет за проневера на 6,7 милијарди рубли. Стануваше збор за набавка на телекомуникациска опрема по напумпани цени.
Европа
Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак
Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.
„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.
Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.
Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.