Европа
Во Виена протест против забраната за носење бурка на јавни места
Околу две илјади луѓе протестираа во саботата во центарот на австриската престолнина Виена поради планираните ограничувања во врска со носењето на прекривки за целото лице во јавноста, соопшти виенската полиција, додека муслиманските здруженија ја објавија бројката од 3.600 демонстранти.
Австрија планира воведување забрана за прекривање на лицата на муслиманките на јавните места, објави коалицијата на лево и десно центристичките партии во понеделникот при претставувањето на пакетот мерки коишто имаат цел да се спротистават на растењето на десничарската Слободарска партија (FPOe).
„Оние кои не се подготвени да ги прифатат вредностите на просветителството ќе мора да ја напуштат нашата земја и нашето општество.“, се наведува во текстот од договорот на Социјалдемократската партија (SPOe) од левиот центар се обидува да ја врати популарноста на својата партија со брз договор со конзервативниот партнер во владата Народна партија на Австрија (OеVP).
Австриската влада во понеделникот објави построги политики во врска со имиграцијата, интеграцијата и безбедноста вклучително и носењето на јавни простори бурки и никаб, муслиманска женска облеа која го покрива целото или најголемиот дел од лицето, како и носење шамии за службеничките во министерствата за правда и за внатрешни работи.
„Секоја жена има право да се движи во јавноста без вознемирување и дискриминација, без оглед на тоа што носи или не носи“, порача на тоа муслиманското здружение на младите.
Демонстрантите, исто така, протестираа и против зголемените полициски овластувања во врска со надзорот на граѓаните за ограничувањата во врска со правото на протест, односни предлогот на министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка од OеVP.
Во декември минатата 2016 година германската канцеларка Ангела Меркел повика на забра за прекривките за целото лице почнувајќи ја кампањата за четвртиот по ред мандат, откако беше жестоко критикувана и од нејзините сојузници за политиката на отворени граници за бегалците кога во Германија влегоа околу милиони баратели на азил главно од исламските земји.
Германската покраина Есен, со која управуваат христијанските демократи на Ангела Меркел, на почетокот од февруари 2011 годинава стана прв регион во земјата каде жените вработени во јавниот сектор нема да смеат да носат бурки. Одлуката беше донесена откако една локална учителка побарала од нејзиното училиште да и’ дозволи да носи бурка на наставата по враќањето од породилното отсуство. Таа пред тоа не го носела традиционалниот муслимански вел.
На 12-ти октомври 2010 година во Франција, како прва европска земја, беше донесен а на 11-ти април 2011 година стапи на сила законот за забрана на носење на јавни места и на улици облека којашто претставува „целосен превез”, меѓу кои иранската паранџа, арапските никаб и бурка, прифатени и од пакистанските и авганистанските жени.
Сите видови на оваа исламска облека речиси целосно го покриваат телото на жената, а бурката дури го прекрива и целото лицето. Според законот, на жените за носењето ваков вид облека им се заканува казна од 150 евра и не смеат во таква облека да се појавуваат на улици, паркови, плажи, во продавници, ресторани, театри, железничките станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски сали и во јавниот транспорт.
Законот за забрана на јавни места носење муслиманска традиционална облека за жени, бурка и никаб, со кои целосно се прикрива лицето, стапи на сила и во Белгија 23-ти јули 2011 година. За прекршување на забраната е предвидена казна затвор до седум дена и парична казна од 137,5 евра.
Различни забрани за користење на ваквите делови од облеката воведоа и Бугарија, Холандија и Швајцарија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

