Европа
Во Рим анонимни плакати со навреди за Папата
Плакати кои го обвинуваат поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск за напад врз конзервативните католици се појавија во италијанската престолнина Рим во текот на викендот, но градските власти брзо интервенирале и ги прекрија.
Римските власти ги прекрија со бела хартија плакатите со пораката „„илегална реклама“.
Ватикан немаше коментари. Отец Антонио Спадано, исусовец близок на Папата, сепак „тивтуваше“ дека плакатите се знак дека Франциск работи и затоа лути многу луѓе.
Плакатите кои мистериозни активисти ги излепиле во текот на ноќта кон саботата прикажуваат слика на Папата со строг поглед со текстот „Каде е милосрдието?“.
Текстот го обвинува папата Франциск за неколку интервенции против конзервативците, вклучително и она што плакатот го нарекува „обезглавување на Малтешките витези“/
Тоа упатува на стариот католички ред витези кои имаат сега карактер на организација од светски димензии и дејствуваат како своевидна парадржавна институција со своја дипломатија, чиј Голем мајстор минатата седмица поднесе остава по двомесечната јавна кавга.
Плакатите се појавија неколку часа пред Ватикан да го објави личниот претставни на Папата во редот, при што го остави настрана конзервативниот кардинал Рејмонд Лео Бурке, кој бил покровител на редот од 204 година и чест критичар на папата.
Во писмото објавени во саботата во Ватикан, папата Франциск изјави дека надбискупот Анцџело Бесчио ќе биде „исклучив гласноговорник“ на папата во Малтешкиот ред додека не се одржат избори за новиот Голем мајстор за неколку месеци.
Еден месец по судирот меѓу Суверениот малтешки ред и Светата столица, Неговото Високопреосвештенство Големиот мајстор фра Метју Фестинг, на 5-ти јануари се согласи да поднесе оставка по барањето на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Метју Фестинг кој во принцип е именуван доживотно, уште мора да го собере својот Суверен совет за оставката да биде потврдена.Фестинг, роден во 1949 година, е Британец, син на Френсис Фестинг кој е фелдмаршал и началник на кралскиот Генералштаб на Велика Британија од 1958 до 1961 година.
Големиот мајстор секогаш е потомок на припадници на Малтешкиот ред на блажениот Адриан Фортескју, маченик од 1539 година.
Неговото Високопреосвештенство Височество или 79-от Кнез и Голем мајстор на Суверениот воен ред на гостопримливите Свети Јован Ерусалимски, Родос и Малта, како што гласи целата титула на Метју Фестинг, на оваа позиција дојде во 2008 година.
Судирот меѓу Ватикан и Малтешкиот ред, според коментаторите кои ги следат случувањата во Светата столица, претставува судир меѓу црковните либерали и конзервативците.Тој и буквално се разгоре минатиот месец кога папата Франциск именуваше петчлен совет за да ги испита околностите на сменувањето на третиот ред на Малтешкиот ред, Германецот Албрехт Фрајхер фон Бузелагер, односно главен канцелар на редот од 2014 до 2016 година.
Малтешкиот ред одби да соработува, порачувајќи му на папата дека неговото сменување е интернат работа на организацијата. Фон Бузелагер наводно е сменет откако дозволи Малтешкиот ред да учествува во програми за делење на бесплатни кондоми со цел да се спречи ширењето на СИДА-та.
Конзервативците велат користењето на кондомите ја крши црковната поук, но аргентинскиот папа Франциск, како и неговиот германски претходник Бенедикт Шеснаесетти, велеа дека неговото користење може да се оправда во контекстот на борбата против ширењето на СИДА-та./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

