Европа
Европскиот парламент побара враќање на визите за американските граѓани
Европскиот парламент побара од Европската комисија да преземе правни мерки со кои ќе ги врати визите за американските граѓани, поради тоа што Вашингтон се уште не обезбедил безвизен режим за граѓаните на пет земји на ЕУ – Бугарија, Романија, Кипар, Полска и Хрватска, пренесуваат светските агенции.
Во резолуцијата којашто беше одобрена во четвртокот, европарламентарците бараат од Комисијата да ги усвои неопходните правни мерки во следните два месеци. Граѓаните на овие пет земји-членки на ЕУ се уште не можат да влегуваат на американска територија без виза, додека пак американските граѓани можат да патуваат во сите земји-членки на ЕУ без виза.
Според механизмот за реципроцитет на визниот режим, доколку трета земја не одобри безвизен режим во период од 24 месеци по известувањето дека нема реципроцитет, тогаш Европската комисија мора да усвои посебен акт, на кој може да има приговор од страна на Парламентот и Европскиот совет, со кој ќе се суспендира безвизното патување за нејзините граѓани во период од една година.
Откако САД го доби ова известување на 12-ти април 2014-та, Европската комисија требаше да делува пред 12-ти април 2016-та, но таа се уште го нема направено тоа. Канада исто така спроведува визен режим за граѓаните на Бугарија и Романија, но најави дека тој ќе биде отстранет на 1-ви декември 2017-та година.
Во април 2014-та Европската комисија беше известена дека пет земји не го исполнуваат барањето од страна на ЕУ во однос на реципроцитет за безвизниот режим: Австралија, Брунеи, Канада, Јапонија и САД. Австралија, Брунеи и Јапонија во наредниот период ги отстранија визните побарувања за сите граѓани на ЕУ, а Канада ќе го стори истото во декември годинава./крајмф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

