Европа
Илајдници маршираа да го спасат шведскиот „крал на колбасите“
Повеќе од илјада луѓе маршираа во петокот попладне во шведскиот град Халмстад, со цел да ги спречат градските власт присилно да го отстранат човекот кој се нарече себеси „крал на колбасите“ или “korvkungen”, од ценатрот на градот.
Рајко Станковиќ, е 56-годишен Босанец, кој за време на војната избегал од Босна и Херцеговина и од 1997 година поставил штанд во центарот на шведски Халмстад каде продава сендвичи со колбаси и виршли.
Градските власти одлучиле дека тоа е времен објект и треба да се отстрани од таму, но жителите на Халмстад не мислат така.
Кога градот одлучил да го премести штандот на Станковиќ, Пеле Бергквист, еден од неговите муштерии, направил facebook страна с која повикал да му се дозволи на Рајко да ги продава колбасите во центарот на Халмстад. Страницата веднаш привлекла 5.000 поддржувачи, а петицијата е потпишана од 1.300 луѓе.
„Фантастично е што во град со едвај 100.000 жители, народот застана зад мене. Се чувствувам горд. Срцето ми беше полно вчера, а и денеска“, вели Станковиќ.
Тој внимава на плоштадот за време на викенд, па многу често и помага на полицијата, а и на оние кои пијани се враќаат дома. Во 2013 година спасил девојка која пловела по реката која тече покрај неговиот штанд, скокајќи во водата кога надвор температурата била минус 4 степени Целзиусови.
„Затоа луѓето стојат зад мене“, вели тој. „Знаат дека сум направил многу за Халмстад. Сите ме знаат: Јас сум симбол на Халмстад и сум икона на градот“.
Градоначалникот на Халмстад вети дека ќе ја преиспита одлуката./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

