Европа
Меркел ги повикува Германците на единство пред тероризмот
Германската канцеларка Ангела Меркел во својата новогодишна порака ги повикува сонародниците да бидат единствени за да можат решително да им се спротистават на „убијците полни со омраза“ и да не прават отстапки во врска со демократските вредности, по исламистичкиот напад врз божикниот базар во Берлин кога беа убиени 12 луѓе.
„Заедно и решително, со нашето сочувство и единство ќе му одговориме на светот на омразата на терористите“, порачува германската канцеларка Ангела Меркел признавајќи дека 2016 година била „тежок испит“, а ја одбележале нападите во јули и на 19-ти декември, за кои одговорноста ја презема ултрарадикалната сунитска група Исламска држава.
„Продолжувајќи да живееме и да работиме, им порачуваме на терористите: Вие сте убијци полни со омраза, но нема да одлучувате како ние ќе живееме“, истакнува во говорот кој во саботата навечер ќе биде емитуван на германската телевизија.
Меркел притоа ветува дека владата ќе донесе реформи во областа на безбедноста, имајќи предвид дека нападот за кој е осомничен 24-годишниот Тунижанец Анис Амри покажа големи слабости на властите кои не го уапсиле овој исламист иако со месеци го следеле и имале знаци дека може да стори таков напад, а потоа успеа да им побегне од земјата и да патува низ четири европски држави.
„Нашата земја го прави сето она што е потребно за на своите граѓани да им гарантира безбедност и слобода … Во 2017 година нашата влада ќе оди во насока на законодавни и политички промени и спроведување на тие мерки“, наведува Меркел без да појаснува.
Канцеларката, којашто поради својата политика на отворени граници и неограничено прифаќање на бегалците и имигрантите е цел на жестоки критики од десницата но и од нејзините политички сојузници конзервативците, уште еднаш застанува во одбрана на таа политика потсетувајќи на страдањата на жителите на сирискиот град Алепо.
„Поради сликите од Алепо во Сирија разорен од бомбите уште еднаш можеме да кажеме колку е важно и праведно тоа што нашата земја во изминатата година им помагаше на оние на коишто заштитата им беше потребна“, истакнува Меркел.
На крајот, канцеларката која ќе се кандидира за четвртиот мандат на парламентарните избори во септември 2017-та најавува „политичка битка“ којашто ќе се води меѓу демократите, индиректно критикувајќи ја евроскептичката и противдоселеничка десница, којашто е ја порази нејзината партија на последни три регионални избори благодарејќи на критиките на политиките што ги застапува Меркел.
Осудувајќи го „исмевањето“ на десницата на германската демократија и на Европската унија, Меркел предупредува дека „ние Германците не треба да мамиме мислејќи дека среќната иднина лежи во тоа во неа да влегуваме сами“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.