Европа
Институт: Лех Валенса соработувал со комунистичката тајна полиција на Полска
Поранешниот идеолог на полското синдикални движење Солидарност, Лех Валенса, на почетокот од 1970-те со комунистичката тајна полиција, потврдија во вторникот првите луѓе на полскиот Институт за национално паметење (INR), наведувајќи ги вештачењата на графолошки експерти.
И претходно имаше обвинувања на сега 73-годишниот Лех Валенка, коишто тој ги негира, вклучително и најновите докази на Институт за национално паметење (INR) кои се објавени во медиумите.
Во вторникот Валенса, кој замина на пат за Латинска Америка каде што ќе учествува на состанокот на Нобеловата награда во Богота, и лично не ги коментираше заклучоците на институтот. Но неговиот претставник за јавноста и адвокат, Јан Видацки, изјави за телевизијата Polsat News дека „случајот не е заклучен“, како и дека може да бара нова графолошка експертиза.
Помошникот на главниот државен обвинител на Полска, Анджеј Позорски, шеф на комисијата за гонење на злосторствата против народот, којашто е дел од институтот INR, изјави на прес-конференција во Варшава дека „нема никакви сомненија“ во врска на соработката на Лех Валенса со полската комунистичка тајна полиција (SB).
Позорски наведува дека автентичноста на документите доведени во поврзаност со Валенса го потврдиле и стручните лица од Институтот за судски вештачења во Краков.
Во 2000 година Валенса од судот беше ослободен од секакво сомневање за можност дека е поврзан со поранешната комунистичка тајна полиција која била дел од министерството за внатрешни работи, објавувајќи дека наводно не се најдени никакви докази кои одат во прилог на тоа.
Новите докази кои дошле во посед на Институтот за национално сеќавање, според експертите сега докажуваат дека Валенса соработувал со тајната полиција под кодното име „Болек“ и дека за таа соработка примал пари.
Документот е откриен во домот на поранешниот комунистички министер за внатрешни работи и шеф на тајната полиција, генералот Чеслав Кишчак, кој почина во 2015 година
Валенса во 2008 во разговорот за британски BBC тврдеше дека никогаш никој нема да пронајде никакво документ кој би покажал дека бил соработник на тајните служби. Но набрзо потоа во јули 2009 година во второто обвинување беше наведено дека во периодот кога беше претседател, Валенса уништил голем број компромитирачки документи. Валенса ги отфрли обвинувањата.
Меѓутоа, Валенса неодамна јавно потврди дека на едно приведување во полицијата „потпишал хартија“ како работник кој му се противи на режимот, но обвинувањата за соработка повторни ги отфрли како „апсурдни“. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.
„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.
Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
J’ai échangé à l’instant avec le Président @ZelenskyyUa.
L’attaque d’hier contre un train de passagers dans la région de Kharkiv est inacceptable.
La France condamne avec la plus grande fermeté les frappes russes contre les civils et contre les infrastructures énergétiques.…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) January 28, 2026
„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.
Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.
„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.
Европа
Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.
„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.
Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.
Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.
„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.
„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.
„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.
Европа
(Видео) Изгоре луксузен хотел на француските Алпи
Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар го зафати хотелот со пет ѕвездички во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.
Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Hotel des Grandes Alpes“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница.
🔥 Courchevel : incendie en cours dans un hôtel de luxe
▶️ Le feu serait parti des combles. 261 personnes ont dû être évacuées, aucune n’a été blessée
🚒 Les pompiers, toujours sur place, font face à un risque important de propagation pic.twitter.com/BoeIJcDjnQ
— LCI (@LCI) January 28, 2026
Службениците соопштија дека повеќе од 90 лица биле евакуирани од хотелот синоќа, додека блискиот хотел „Le Lana“, кој има речиси 200 гости, исто така бил евакуиран утрово поради ризик бидејќи пожарот продолжувал. Персоналот и гостите се засолниле во други хотели.
131 пожарникар беа распоредени на местото на настанот. Безбедносните мерки во регионот се под лупа откако пожар во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана на новогодишната ноќ уби 40 лица, а повреди повеќе од 100, од кои многумина тинејџери.

