Европа
Камион влета во пешачка зона, едно лице загина, шестмина повредени во Германија
37-годишна жена загина, а пет пешаци и еден возач на камион се префрлени во блиската болница кога камион денеска влетал среде пешачка зона во германскиот град Пасау. Според очевидци, камионот удрил во група луѓе среде пешачка зона во близина на железничката станица, пренесува „Билд“.
Друг сведок изјавил дека се работи за камион тежок повеќе од седум тони, пренесе „Мирор“.
Инцидентот се случил на една од главните улици во градот Банхофштрасе. Се додава дека големо возило удрило во неколку лица, меѓу кои имало и деца. Полицијата на Долна Баварија соопшти дека денеска се случил сериозен сообраќаен инцидент.
Камионот удрил во неколку лица, една жена загинала, а најмалку четири лица се тешко повредени. „Повреден е и 63-годишниот камионџија“, соопшти полицијата. Од силината на ударот жената (37) починала на самото место, а другите минувачи се тешко повредени и со хеликоптер биле пренесени во околните болници.
Се претпоставува дека е повредена и ќерката (11) на трагично повредената жена. Од полицијата додаваат дека инцидентот се случил околу 10 часот по средноевропско време, а возачот продолжил да вози откако ја оставил стоката. Возел покрај запрено возило и удрил во пешаци, јавува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.