Контакт

Европа

Киевски професор: Русите нема да застанат на Украина, имаат план за Европа и за Балканот

Објавено пред

Професорот од Институтот за меѓународни односи во Киев, Максим Камењецки, гостуваше на N1, каде што ја коментира ситуацијата во Украина.

dobivaj vesti na viber

Камењецки вели дека моментната состојба е позиционирана и дека рововската војна се одвива без поголем напредок. „Тие се обидуваат да ги концентрираат силите на некои места. Ситуацијата личи на онаа од Првата светска војна“, рече тој.

За изјавите на Путин дека во Украина се борат против нацистите, тој вели дека ова е начин да се најде изговор. „За Русите тоа се политички разбирливи причини за агресија бидејќи не може да ги засноваат на ништо друго. Нацизмот на Хитлер и сталинистичкиот болшевизам беа сојузници на почетокот на Втората светска војна и на агресорите, но Путин постојано го заборава тоа. Русија многу повеќе одговара на концептот на нацизам отколку на нашата земја“, додаде тој.

Во однос на исходот од војната, се прашува дали тоа е пораз на Украина или Русија. „Ако Русија задржи некои територии, тие секогаш ќе се соочуваат со проблемот дека ќе имаат некаков контакт со НАТО. И ако ја окупираат нашата територија, ќе се запрашаат што да прават понатаму и повторно ќе им треба одредена безбедносна територија и ќе продолжат понатаму. Оние со војска сега не можат ништо, може да ја таргетираат територијата, но не може да ја окупираат“, рече тој.

„Русите ќе искористат некои десничарски и левичарски екстремни опции во Европа за да ја дестабилизираат ситуацијата, а тоа вклучува и некои балтички земји и Балканот“, тврди Камењецки.

Тој вели дека Украина сега изгубила околу 20 отсто од својата територија, но дека Русија, која имала цел да го запре НАТО, со своите потези предизвикала спротивен ефект. „И нашата земја, која беше неутрална кон Русија, никогаш повеќе нема да биде неутрална. Русија ќе се обиде да предизвика внатрешни конфликти во НАТО и ЕУ со политички средства бидејќи нема сила за воени закани“, рече тој.

Што се однесува до Виктор Орбан и Унгарија, тој вели дека ја користи Украина за да реши некои внатрешни проблеми и да ја позиционира Унгарија во ЕУ. „Мислам дека ова е проблемот на ЕУ, овој систем на одлучување кога една земја може да блокира 20 од нив. Што се однесува до помошта, моментно добиваме толку многу што не се подобруваме, не победуваме. Се бориме против земја што е шест пати посилна, која има нуклеарно оружје, која низ историјата се подготвувала да се бори со светот, затоа ни е тешко да одржиме таков фронт“, додаде тој.

За доаѓањето на Доналд Трамп на власт, вели дека не е добро кога бизнисмен оди во политика бидејќи се обидува да го преработи бизнис-моделот, но политиката е многу поинаква. „Неговата политика ќе ја следат голем број европски политички лидери и ако почне да зборува за намалување на помошта за Украина, тоа ќе го кажат и овие лидери. Тој не може да промени сè бидејќи земјата има некои обврски, Трамп го знае тоа бидејќи тој веќе беше претседател и не може веднаш да ги промени работите за 180 степени“, изјави тој.

Европа

Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.

dobivaj vesti na viber

Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.

Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.

„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.

Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.

Прикажи повеќе...

Европа

Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото

Објавено пред

Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.

dobivaj vesti na viber

Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.

Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.

Прикажи повеќе...

Европа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Објавено пред

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.

Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.

Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид

Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи...

Топ3 часа

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ15 часа

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ19 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија21 час

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа21 час

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ22 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија1 ден

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет1 ден

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет1 ден

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија1 ден

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија2 дена

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ2 дена

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет2 дена

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...