Европа
Мартин Шулц најверојатен кандидат на социјалдемократите за канцелар на Германија
Донеодамнешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, би требало да биде кандидат за канцелар од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) а според традицијата и да го преземе водството на партијата, додека досегашниот челник и вицеканцелар Зигмар Габриел би требало да ја преземе должноста министер за надворешни работи, објавено е во вторникот.
„Доколку сега настапам како кандидат за канцелар, нема во тоа да успеам и тоа само ќе ѝ наштети на партијата. Шулц има многу повеќе шанси“, изјави Габриел во заедничкото интервју за неделниците Stern и Die Zeitе, според најавата на разговорот на интернет страниците на изданијата.
Истовремено Зигмар Габриел, кој во моментов ги извршува функциите вицеканцелар и министер за економија во владата на демохристијанската канцеларка Ангела Меркел, бо требало да ја преземе функцијата министер за надворешни работи од Франк-Валтер Штајнмаер, негов сопартиец, кој кон средината на февруари се очекува да биде избран за претседател на Германија.
Од челниците на SPD за агенцијата DPA потврдиле дека оваа одлука Ганриел веќе во вторникот ќе ја соопшти пред пратеничката група во Бундестагот и на поширокото водство на партијата.
Досега се сметаше дека Габриел ќе биде кандидат за канцелар кој ќе ѝ спротистави на Меркел, а Шулц, кој не располага речиси со никакво внатрешно политичко искуство и досега главно извршуваше должности поврзани со Европската унија, ќе ја преземе должноста шеф на дипломатијата.
Претходно во вторникот и германскиот претседател Јоаким Глаук потврди дека парламентарните избори ќе се одржат на 24-ти септември.
Според досегашните испитувања на јавното мнение, демохристијанската Унија CDU/CSU, предводена од канцеларката Ангела Меркел уверливо води со поддршка од 31 до 38 отсто, додека SPD има поддршка од 20 проценти од гласачите. Во налет е младата евроскептична и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто може да се надева на 10 до 15 отсто од гласовите, што ја прави трета според влијанието германска политичка опција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно
Украина сака да „убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на прес-конференција, наведувајќи ги своите приоритети за мандатот.
Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е да управува со системот.
„Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, рече тој.
Тој го наведе зголемувањето на руските жртви како втора стратешка цел. „Втората стратешка цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, рече тој. Додаде дека, според украинските податоци, минатиот месец биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со снимки“.
„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостатокот на овој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Оваа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.
Европа
Франција бара воена вежба на НАТО во Гренланд
Франција побара НАТО да одржи воена вежба на Гренланд и е подготвена да учествува, соопшти Елисејската палата, објави Си-Ен-Ен.
Франција, заедно со други европски земји, минатата недела распореди дел од воениот персонал на Гренланд за да учествува во посебна заедничка вежба предводена од Данска.
Ова доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги засили заканите за анексија на арктичкиот остров со сила. Неговите изјави го доведоа во прашање деценискиот безбедносен сојуз предводен од САД во Европа.
Што е воена вежба на НАТО?
Вежбите на НАТО ги свикува командантот на НАТО и можат да бидат со големина од неколку офицери до „вежби од целосен обем што вклучуваат борбени сценарија што вклучуваат авиони, воени бродови, артилерија, оклопни возила и илјадници војници“, вели НАТО на својата веб-страница.
Земјите-членки на НАТО учествуваат во вежбите со обезбедување национални придонеси во форма на војници, опрема или друга поддршка. „Земјите учеснички генерално ги финансираат своите национални придонеси“, наведува НАТО.
Европа
(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени
Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.
Според локалните власти, возот Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урна на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите.
Единаесет амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи се испратени на местото на несреќата.
Повредените се однесени во блиските болници. Лошото време го стави поголемиот дел од брегот во источна и северозападна Шпанија под висока тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.
Несреќата во Каталонија се случи само два дена по сериозниот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.

