Европа
Меј го избегна прашањето за неуспешното лансирање на британски балистички проектил
Британската премиерка Тереза Меј го избегна одговорот на прашањето дали лично била запознаена со неуспешното лансирање на балистички проектил „Trident“ од нуклеарна подморница крај атлантскиот брег на САД во јуни минатата година.
Политичкиот коментатор на јавниот сервис BBC, Ендрју Мер, и по четири пати поставување на прашањето дали била запознаена со споменатиот инцидент, но секогаш премиерката Тереза Меј го избегнуваше директниот одговор.
Таа беше запрашана дали во своето прво обраќање пред долниот дом на британскиот парламент знаела за неуспешното лансирање, Меј одговори дека има „апсолутна доверба во нашите ракети Trident“. Додаде дека во тој момент зборувала за тоа дали треба да се модернизираат овие ракетни системи, и дали тие проектили во иднина ќе бидат дел од британскиот арсенал за нуклеарно воздружување.
На повтореното прашање дали знаела за инцидентот, премиерката одговори дека смета оди „неопходно е да ја заштитиме нашата земја, и да ја играме нашата улога во НАТО..“, додавајќи дека лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин не смета така. По неколку безуспешни обиди да го добие одговорот, новинарот ја смени темата.
Во меѓувреме Корбин го опиша инцидентот како „катастрофален“, а лабуристичкиот министер за финансии во сенка Џон Мекдонел изјави дека ситуацијата со „Trident“ ќе биде дискутирана во парламентот.
Претходно магазинот The Sunday Times пишуваше дека британската влада го затаила податокот за неуспешното лансирање на ракетата „Trident II D5“, во јуни минатата година во близина на брегот на Флорида од „Vengeance“, една од четирите британски атомски подморници, кога проектилот скршнал од курсот кон американскиот брег. Причината за инцидентот на проектилот кој не бил со боева глава, не е објавена.
Инцидентот предизвика полемика бидејќи во тоа време премиерот Дејвид Камерон го објави плановите за скапото модернизирање на нуклеарните капацитети на земјата, а Меј во тоа време беше министер за внатрешни работи. Но во тој период владата објави дека е изведено успешно пробно лансирање на проектилот, без споменување на инцидентот.
Ова лансирање беше единственото во последните четири година, а медиумите наведуваат дека можни се сериозно проблеми во врска со безбедноста на овој ракетен систем.
Инцидентот се случил брзо пред Тереза Меј да стапи на должноста премиер, но сепак таа не го спомнала инцидентот кога ги убедуваше парламентарците од неопходноста да се вложат 40 милијарди фунти за новите подморници опремени со проектилите „Trident II D5“.
Весникот The Sunday Times забележува дека пробни лансирања од подморници на овие проектили од 2000 година се изведени само пет пати. Тоа се објаснува со високата цена на ракетата, имено секоја чини 17 милиони фунти, но досега за лансирања беше известувана јавноста, преку министерството за одбрана и произведувачот „Lockheed Martin“. На пример при лансирањето во 2012 година беа поканети високи политичари и офицер, а снимката од тестирањето беше поставена на интернет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.

