Европа
Протести во Русија, уапсен Aлексеј Навални во Москва
– Рускиот опозиционер Алексеј Навални е уапсен во Москва за време на антикорупциските протести, кој тој ги организираше, иинформираат во неделата светските медиуми.
Во неколку градови низ Русија се одржаа протести против корупцијата на владините претставници, а десетици демонстранти се уапсени, пренесува АП, повикувајќи се на руските новински веб-сајтови и социјални мрежи.
Ројтерс објави дека десетици луѓе се уапсени во протестите во Русија откако опозицијата ги повика луѓето да излезат на улиците во знак на протест против корупцијата и да бараат оставка на премиерот Дмитриј Медведев.
Протестите, како што посочува американската агенција, ги организирал Навални, но фокусот е на последните тврдења дека премиерот Медведев има голем број на куќи, јахти и лозја.
Навални на својата веб страница изјави дека во повеќе од 80 градови низ Русија ќе се одржат протести иако повеќето од нив не се одобрени. Кремљ во петокот објави дека планираниот протест во центарот на Москва е нелегална провокација.
Демонстрантите планираат да одржат митинзи во текот на денот и во Москва и Санкт Петербург, иако за тоа не добија дозвола, информира АП.
Денешните протести се едни од најголемите координирани собири, откако во 2011 година и 2012 година се одржаа протести по повод крадење на гласови на одржаните парламентарни избори.
Агенцијата забележува дека руските државни медиуми до пладне не информираа за протестите, додека на веб-сајтови и социјални мрежи беа објавени вести дека демонстрации се одржани во градови од Владивосток до Екатеринбург. Истите извоти наведуваат дека во Владивосток се уапсени десетици луѓе.
Новинарот на Ројтерс информира дека се уапсени најмалку 30 демонстранти , кои излегле на неовластениот митинг во Владивосток. Во овој град стотици млади луѓе се собраа на плоштадот во градот близу железничката станица. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало “Корупцијата е крадење на нашата иднина” и “премиеровата одговорност. ”
Британската агенција наведува, цитирајќи очевидци дека најмалку четири демонстранти се уапсени во Екатеринбург, каде што се собраа 500 до700 луѓе, но полицијата не го потврди апсењето.
Во исто време, ТАСС ги цитираше руските адвокати и високи полициски службеници, кои предупредуваат дека учесниците на опозициските протести во центарот на Москва може да бидат казнети со парична казна од 20.000 рубли, околу 333 долари, или тие ќе треба да поминат 15 дена во затвор, со кривична пријава за хулиганство.
Неименуван официјален претставник на полицијата изјави за руската агенција дека полцијата во Москва ќе ги преземе сите мерки за заштита на московјаните ако најавениот за попладнево во центарот на рускиот главен град се одржа протест, за кој се потенцира дека полицијата нема да дозволи какво бочп прекршување на законот и редот во градот./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.