Европа
Скандал во Британија: познат политичар уапсен под обвинение за силување
Водечки конзервативен пратеник во британскиот парламент е уапсен под обвинение за силување, открива „The Sun“.
Угледниот политичар – чие име не се соопштува од правни причини – вчера бил сослушан во полиција.
Тој беше сослушан и поради сомнение за поседување недозволени супстанци, пренесува медиумот.
Според истакнатото во написите, тоа е последниот удар за Риши Сунак и неговата Конзервативна партија, која е погодена од низа обвинувања.
Медимот потсетува дека нивниот поранешен заменик, Крис Пинчер, беше отпуштен минатата недела откако „Сан“ откри дека пипкал некого во приватниот Клуб на Ториевците.
Вчера поранешниот министер Питер Боун беше суспендиран од Долниот дом на шест недели поради малтретирање и сексуално вознемирување член на персоналот, се наведува во извештаите.
Тој би можел да биде разрешен од функцијата пратеник, а доколку 10 отсто од гласачите во неговата изборна единица Велингбор потпишат петиција против него, ќе се распишат нови дополнителни избори за неговото место.
Друг пратеник од ториевците во моментов е на кауција поради обвинувањата за сексуална злоупотреба, што тој ги негира.
Последните наводи не се однесуваат на ниту еден од овие тројца мажи, пишува „The Sun“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.