Европа
Јанша бара објавување на договорот меѓу Европската комисија и „Астразенека“
Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, изјави дека договорот на Европската комисија со „Астразенека“ треба да стане јавен за да се види кој е одговорен за британско-шведската компанија да не ја доставува својата вакцина против Ковид-19 според договорената динамика и во договорените количини.
Според Јанша, овој договор бил очигледно слабо изработен, особено имајќи предвид дека сега никој не сноси санкции или одговорност за непочитување на договорената динамика на испорака и договорените количини.
„Бидејќи вакцината е одобрена подоцна и ‘Астразенека’ доставува многу помали количини на вакцини и доцни со нив, ќе има големи разлики меѓу земјите членки на Унијата во вакцинирањето на населението во средината на годината, што може да предизвика сериозна политичка криза кога Словенија ќе го преземе претседателството над ЕУ, во средината на годината“, рече Јанша.
„Словенија, како претседател, не би сакала да се справува со ова и сега, во договор со Европската комисија, се работи на ‘корективен механизам’ за да им се овозможи на земјите со помала стапка на вакцинација да добијат дополнителни количини поради неиспорачување на договорената вакцина“, рече Јанша, пренесуваат медиумите во регионот.
Покрај тоа, Јанша кажа дека група земји кои предупредуваа на разлики во набавката на вакцини, побараа самитот на Европската Унија повторно да донесе обврзувачки заклучок дека 70% од возрасната популација ќе биде вакцинирана против Ковид-19 до летото.
Јанша рече дека добил информација од Чешка дека вакцината од „Астразенека“ се нуди по комерцијална цена од 13 евра за доза, ова е цената по која компанијата ја продава вакцината надвор од ЕУ, сугерирајќи дека една од причините за побавната испорака би можела да е шпекулативна, со оглед на тоа дека британско-шведската компанија за вакцинирање според договорот со Европската комисија добива две евра по доза.
Јанша ги отфрли шпекулациите дека тој е одговорен за тоа што Словенија не нарачала навреме дополнителни количини од „Фајзер/Бионтек“, нешто за што го обвинуваат опозициските партии.
Напротив, Јанша рече дека како привремен вршител на должноста министер за здравство, откако поранешниот министер Томаз Гантар поднесе оставка, тој веднаш им наредил на соработниците да нарачаат вакцини од сите производители со кои може да се постигне договор и без оглед на цената, затоа Словенија, рече тој, денес има вкупно 7 милиони дози, што според него е сосема доволно за целото население.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.