Европа
Хејг за иднината на ЕУ: „Помалку е повеќе“
Шефот на бритнаскта диплоамтија Вилијам Хејг изјави во вторникот во Германија дека неговата земја повеќе од кога и да е е разочарана од ЕУ и ја изложи визијата за нејзината иднина темелена на претпоставката „помалку е повеќе“, што е директно спротивно со плановите на Берлин за еврозоната
Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг ја разби секоја надеж дека ќе испрати помирувачка порака за Германија како клучниот европски партнер, која стравува дека Велика Британија се повелува од Европската унија, изјавувајќи дека Британците сметаат оти ЕУ е „голема машина којашто го вшмукува одлучувањето“.
„Оваа коалициска влада е предадена на тоа Велика Британија да ја има водечката улога во ЕУ, меѓутоа морам да бидам искрен: јавното разочарување во Британија е најдлабокото досега“, изјави Хејг во својот говор во германскиот главен град Берлин.
Неговата критика, една од најжестоките коишто досега стигнуваа од Лондон, може дополнително да ги затегне односите меѓу Велика Британија и водечките сили во ЕУ. На Берлин, пак, сѐ повеќе му пречат изолационистичките инстинкти на британскиот премиер Дејвид Камерон и поголемиот број од неговите конзервативни пратеници во британскиот парламент.
Хејг беше повикан од колегите шефови на дипломатиите на Германија и на Финска да се придружи на банкарската унија и да преземе напори надворешната и одбранбена политика на ЕУ да биде повеќе заедничка.
Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле го предупреди својот британски колега дека ЕУ ги поздравува различните мислења, но дека процесот на интеграции не може да ги чекаат оние коишто се сомневаат.
„Сите се добредојдени да придонесат со своите идеи. Меѓутоа, доколку некој не сака или не може да оди заедно, тоа нема га ги спречи другите да продолжат да одат напред“, изјави Вестервеле, додавајќи дека во овој случај станува збор за слободата на патувањата во шенгенската зона, заедничката валута и заедничката надворешна и одбранбена политика.
Одговорот на Хејг на овие апели беше целосно јасен. „Придружувањето на банкарската унија со друга валута би било многу тешко да се изведе. Затоа нема да бидеме дел од банкарската унија“, изјави британскиот министер за надворешни работи.
Изјави, исто така, и дека наместо јакнењето на Европскиот парламент, националните парламенти треба да имаат поголеми овластување, како и дека напорите за решавањето на должничката криза во еврозоната не смеат да го доведат во опасност единствениот пазар на ЕУ.
„Некои предлози силно би ја ограничиле националната демократија, прашањата како што се националните буџети, пак, засекогаш“, предупреди Хејг мислејќи најверојатно на фискалниот пакт на германската канцеларка Ангела Меркел кој го потпишаа сите членки на ЕУ освен Велика Британија и Чешка.
И додека главното мото на германската канцеларка е дека одговорто на должничката криза во еврозоната е „повеќе Европа, а не помалку Европа“, Хејг рече дека „помалку понекогаш е повеќе, помалку е подобро“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.