Европа
ЕУ ја добива идејата за 'наддавање' за Украина
Европската унија во средата попладне го отфрли тврдењето, или како што го протолкува барањето, за помош од 20 милијарди евра на Киев, откако претпладнето на владина седница премиерот Микола Азаров рече дека на Украина и’ се неопходни околу 20 милијарди европска помош дека за да може да го потпише договорот за придружување со ЕУ што би ги ограничело последиците од спогодбата врз нејзината економија, и притоа Брисел порача дека ја одбива идејата за наддавање.
„Тие договори се добри за напредокот на Украина. Нема да се поигруваме со бројките. Напредокот на Украина не може да биде предмет на наддавање“, изјави портпаролот на Европската комисија, Оливие Бели, на прес-конференцијата во Брисел.
„Предлагаме решение на проблемот за финансиската помош на Украина. Ја дефиниравме приближната сума на 20 милијарди евра“, изјави Азаров претходно на владината седница.
„Не зборуваме за средства за помош од европскиот буџет, реални сме и на ЕУ и’ предлагаме учество во инвестиции во заеднички проекти коишто би можеле да бидат двострано полезни, како што се проширувањето и модернизацијата на сообраќајните коридори“, изјави украинскиот премиер, што во Брисел го толкуваат како алудирање на гасоводите кои минуваат низ оваа земја.
Од Брисел, пак, забележаа дека по стекнувањето на независноста на Украина пред повеќе до 20 години, Европската унија ги поддржува преземените реформи, а нејзината помош вкупно, за две децении, изнесува околу 3,3 милијарди евра.
Украина којашто е во големи економски и финансиски тешкотии, кон крајот на ноември реши да го суспендира потпишувањето на спогодбата за придружување и слободна трговија со ЕУ, образложувајќи го тоа дека евентуалната криза во односите со Русија во ваква економска состојба би можела да ја донесе во големи економски загуби. Поради таквата одлука на украинските власти, следеше најголемиот бран протести на прозападните опозициски партии од 2004 година кога со помош на Западот беше спречен тогашната инаугурација на актуелниот претседател Виктор Јанукович. Тие го обвинуваат претседателот и премиерот дека се свртуваат кон Русија којашто работи на својот евроазиски проект преку Царинската унија на Заедницата на независни држави, односно земјите коишто произлегоа со распаѓањето на поранешниот Советски сојуз.
По одбивањето, ЕУ повторува дека тој договор сé уште може да биде постигнат, и дека е подготвена да разговара за неговото покренување, но во никој случај за повторно отворање на преговорите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.