Европа
Путин: Кризата во Украина има внатрешен карактер и не избувна по вина на Русија
Кризата во Украина има внатрешен карактер и не избувна по вина на Русија, изјави претседателот Владимир Путин во четвртокот на состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност на Руската Федерација, кој подоцна во телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Роухани истакнал дека украинската криза може да биде надмината само со почитување на интересите на многунационалното население во сите региони.
„Се разбира, ние не можеме да ги игнорираме сите случувања кои се развиваат околу Украина, Крим, како и кон сѐ она што се однесува на овој сложен проблем. Сакам да истакнам дека таа криза не се случи по наша вина, ние на одреден начин сме вовлечени во неа”, рекол рускиот претседател Владимир Путин.
„Сакам да нагласам дека, пред сѐ, тоа е внатрешноукраинска криза. За жал, свесни сме, дека на овој или на овој начин ние сме вовлечени во тие настани”, додал Путин.
„Треба да заедно да размислиме за тоа како да ги градиме односите со нашите партнери и пријатели во Украина и со другите наши партнери во Европа и САД”, им предложил Путин на присутните на седницата на рускиот национален Совет за безбедност.
Путин притоа нагласил дека темата за Украина на заседанието во четвртокот не била планирана. „Првите планирани прашања беа за развојот на односите меѓу Руската Федерација и земјите од Централна Америка и Карибите”, рекол Путин на почетокот од седницата, пренесува Итар-Тасс.
На седницата учествувале и премиерот Дмитриј Медведев, шефот на администрацијата на Кремљ, Сергеј Иванов, спикерот на Думата (парламентот) Сергеј Наришкин, секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патршев, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, како и челниците на безбедносните ресори и агенции.
Рускиот претседател потоа имал телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Роухани, како што истакнува Кремљ, по барање на Техеран, во кој покрај другото била спомената и темата Украина при што Путин оценувајќи ја острата ситуација во оваа земја истакнал дека „решението на актуелната криза е можно само доколку се темели на безусловното почитување на интересите и волјата на многунационалното население” на Украина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.