Европа
Адвокатот на Абдеслам поднесе тужба против обвинителот на Париз
– Свен Мари, адвокат на главниот осомничен за париските напади Салах Абдеслам
Свен Мари, адвокатот на Салах Абдеслам, клучниот осомничен за терористичките напади од ланскиот 13-ти ноември во Париз кога беа убиени 130 луѓе, предаде граѓанска тужба против парискиот државен обвинител Франсоа Молен, поради нарушување на тајноста на истрагата, наведе во петокот обвинителството во Брисел.
Свен Мари, адвокатот на Салах Абдеслам, клучниот осомничен за терористичките напади од ланскиот 13-ти ноември во Париз кога беа убиени 130 луѓе, предаде граѓанска тужба против парискиот државен обвинител Франсоа Молен, поради нарушување на тајноста на истрагата, наведе во петокот обвинителството во Брисел.
„Граѓанската тужба му е предадена во четвртокот на истражниот судија, поради прекршување во истрагата“, изјавил еден од портпаролите на обвинителството во Брисел, Денис Гоеман.
Според белгискиот закон, тужба на цивилна странка автоматски вклучува истражен судија, кој води истрага меѓу сведоците и на обвинението и на одбраната. По истрагата, истражното правосудство одлучува дали тужбата ќе биде прифатена или постапката ќе биде запрена.
Парискиот обвинител Франсоа Молен објави на 19-ти март дека Салах Абдеслам, уапсен ден претходно во Брисел, изјавил дека Абдеслам им изјавил на белгиските иследници дека сакал да се разнесе на стадионот „Стад де Франс“ на 13-ти ноември во текот на нападите, но се премислил.
Адвокатот на Абдеслам, Свен Мари, веќе на 20-ти март ги критикуваше таквите изјави на Молен, и оцени дека читањето на делата пред сослушувањето на неговиот клиент на прес-конференција, претставува нарушување на тајноста на истрагата.
Следниот ден Молен на конференција за медиумите во Брисел , на новинарско прашање одговори дека е „мирен по тоа прашање“. Парискиот државен обвинител притоа потсети дека кривичниот закон начелно е таен, но му дозволува на обвинителот да објави објективни елементи извлечени од процедурата. „Мислам дека го сторив тоа“, додаде./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Кремљ: Го освоивме Покровск
Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.
Европа
Мерц: Европејците ќе се спротивстават на наметнатиот мир врз Украина
Европејците ќе се спротивстават на „наметнат мир“ врз Украина, потврди денес германскиот канцелар Фридрих Мерц пред планираната средба меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Следиме јасна линија, нема одлука за Украина и Европа без Украинци и без Европејци, не може да се наметне мир зад грбот на Украина, нема слабеење или поделба на Европската Унија и НАТО“, рече германскиот лидер по телефонскиот разговор со неговите украински, француски, британски и полски колеги.
Мултилатералната средба се одржа додека Мерц беше домаќин на полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, а францускиот претседател Емануел Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Двајцата претходно разговараа со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и украинскиот преговарач Рустем Умеров, соопшти Елисејската палата.
Туск: Едногласни сме
„Во Украина, единството на Европа е исто така во прашање“, рече Мерц, додавајќи дека големите европски земји, вклучувајќи ги Полска и Германија, имаат „посебна одговорност да обезбедат дека ништо и никој не ја дели Европа“.
Според симултаниот германски превод, Доналд Туск рече дека Европејците се „едногласни“ по ова прашање и се „целосно посветени на продолжување на целосната поддршка на Украина во нејзината одбрана во војната против Русија“.
Европа
Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии
Европските лидери во понеделник му дадоа поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски по американско-украинските разговори за мировниот предлог кој првично беше во корист на Русија, додека претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп се упати кон Москва на разговори во Кремљ.
Зеленски беше топло пречекан во Париз од францускиот претседател Емануел Макрон, а двајцата им се придружија на десетина европски лидери, меѓу кои и од Велика Британија, Италија, Полска и Европската Унија, во телефонски разговор.
France’s support holds special significance for Ukraine, and I am grateful to President @EmmanuelMacron and his team for their attention to our people and their willingness to help.
Our engagement today was substantive and important – above all, focused on the steps that bring a… pic.twitter.com/aL3mcUokAO
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 1, 2025
„Војната мора да заврши што е можно поскоро. Сега многу зависи од вклученоста на секој лидер“, напиша Зеленски на Икс.
Макрон објави фотографија со украинскиот лидер пред почесната гарда во Елисејската палата.
Le travail pour la paix se poursuit.
The work for peace continues.
🇺🇦🇫🇷 pic.twitter.com/31OgcnrO2s— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 1, 2025
По средбата со Макрон, Зеленски изјави дека приоритетите на Украина во мировните преговори се одржување на суверенитетот и обезбедување силни безбедносни гаранции.
Тој, исто така, ги повика сојузниците на Киев да спречат Русија да биде наградена за војната што ја започна. Тој истакна дека територијалните прашања претставуваат најголем предизвик во преговорите.
Украинскиот лидер, исто така, изјави дека се надева дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп откако специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе ја посети Русија.
Францускиот претседател нагласи дека само Украина може да одлучува за своите територии во мировните преговори. Тој додаде дека Русија не покажува знаци дека ќе ја запре својата агресија.
Мировниот план меѓу Русија и Украина, рече тој, може да се финализира само со учество на Киев и европските партнери.
„За прашањата за замрзнатите средства, безбедносните гаранции, пристапувањето кон Европската унија и европските санкции, (овој план) може да се финализира само со Европејците на маса. Значи, сè уште сме во прелиминарна фаза“, рече Макрон.

