Европа
Белгискиот министер ја обвинува полицијата за пропусти во случајот на Бакрави
Белгискиот министер за внатрешни работи Јохан Јан Јамбон вината ја префрли врз полициската небрежност како причина што не било влезен во трага на милитантот на Исламската држава Ибрахим Бакрави, кого минатата година го протерала Турција, а тој во вторникот се разнесе во Брисел.
Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон понуди оставката во четвртокот поради овој случај, тврдејќи дека тој ја презема целата политичка одговорност, но предупреди дека „некој во нашиот полициски апарат згрешил“. „Некој не се грижел и недоволно активен“, рече министерот.
Белгиските власти се соочија со непријатности откако Турција во средата објави дека го претерала Ибрахим Ел Бакрави назад во Европа минатиот јули, предупредувајќи дека е милитант. Ибрахим Ел Бакрави е еден од бомбашите кои се разнесоа во нападите во вторникот, разнесувајќи се на бриселскиот меѓународен аеродром Завентем.
Белгиските и холандските власти во 2015 година биле известени за сомневањата на турските служби дека тој е странски џихадистички борец кој настојува да ѝ се приклучи на Исламската држава во Сирија. Во тоа време белгиските власти одговориле дека Бакрави, кој во 2010 година бил осуден на девет години затвор поради тоа што пукал на полицаец по грабеж, е криминалец, но не и милитнат, и од Турција побарале повеќе информации.
Бакрави бил условно пуштен од затвор во 2014 година, меѓутоа успеал да побегне од Белгија.
Јамбон изјави дека Бакрави е фатен во Турција крај сириската граница на 11-ти јуни 2015 година. Турција тогаш ја известила белгиската амбасада дека ќе биде ставен во авион за Амстердам, на 14-ти јули 2015 година, каде што не бил уапсен бидејќи холандската полицијата не добила никакви упатства од своите белгиски колеги.
Белгискиот офицер за врски во амбасадата во Анкара само ѝ рекол на полицијата во Белгија шест дена подоцна, ланскиот 20-ти јул, дека Бакрави бил притворен во Турција под сомневање за тероризам. Овој офицер за врски побарал од турските власти дополнителни информации, а за тоа својата земја ја известил дури шест месеци подоцна, на 11-ти јануари годинава./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.