Европа
Аларм во Франција по автомобилските напади врз пешаци
Францускиот премиер Мануел Валс повика во вторникот на „внимателност, единство и заедништво“ по трите напада со исламистичка заднина во последните три дена во Франција , истовремено демантирајќи дека владата сака да го намали нивното значење.
„Не ја релативизираме ситуацијата“, изјави францускиот премиер Мануел Валс за радиото Europe 1, притоа тврдејќи дека нема поврзаност меѓу нападите во изминатите три дена и дека полицијата е соочена со три поединци кои дејствувале самостојно, што го отежнува работењето на разузнавачките служби.
На иста линија со премиерот беше во понеделникот и шефот на канцеларијата на обвинителството во Нант, Брижит Лами . „Станува збор за изолиран случај. Ова не е терористички чин, и покрај тоа што е планиран“, изјави Лами. Сепак, таа призна дека инцидентот од понеделникот навечер во Нант „е сличен“ со оној од неделата, во Дижон.
Имено, возач на комбе, во понеделникот вечерта, во Нант, Франција, се залетал во купувачи, при што изгазил и повредил десет души, а на крај се прободел себеси со нож.
Ова е втор ваков случај во два дена, а фанцуската влада повика итен состанок, пренесуваат француските медиуми.
Најмалку четворица се многу тешко повредени, а еден од нив се бори за живот, по инцидентот, во нант што се случил, во понеделникот во 19 часот, кога граѓаните ги вршеле набавките за Божик.
Бидејќи ова е трет напад во три дена, француските служби се сомневаат дека можеби се работи за копирање еден од друг.
Властите изјавија дека не се работи за терористички акт, како што беше претходниот напад, затоа што овој напаѓач не пратил, ниту извикувал, пак, некаква порака.
Во неделата, човек извикувајќи „Алаху акбар“, влета со своето возило во пешаци во градот Дижон, а подоцна беше утврдено дека возачот страда од душевна болест.
Во саботата, пак, полицијата уби човек кој втрчал во полициска станица, при што ранил тројца полицајци со нож. Тој, исто така, извикувал „Алаху акбар“.
„Не можеме да речеме дека ова е терористички акт“, вели локалниот обвинител, Брижит Лами, за последниот инцидент, кој го карактеризира како изолиран случај.
Министерот за внатрешни работи, Бернанрд Казанов, рече дека напаѓачот во Нант бил неурамнотежен, но не бил религиски мотивиран.
Претседателот Франсоа Оланд побара од премиерот да свика итен состанок на кабинетот за да се дискутира за нападите. Повика, граѓаните да не паничат и кон проблемот да се пристапи со студени глави.
При последниот напад, според очевидци, комбето удрило во купувачи, кои биле собрани во мала група.
Напаѓачот и е познат на полицијата, има 37 години, а претходно крадел, продавал крадени работи и уништувал возила.
Трите инциденти ја подгреваат атмосферата во Франција, по заканите против зејата заради нејзината инволвираност во борбата против исламистичките екстремисти во Африка и Средниот Исток.
Исламската држава, џихадистичка груа, постојано повикува на напади против Франција, преку видеа поставени на џихадистички страни.
Алс вели дека над 1.000 Французи биле инволвирани на некој начин во џихадот во Сирија и Ирак, од кои 56 или 57 загинале./крај/тл/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.