Контакт

Европа

„Amnesty International“ објави извештај за евидентирани киднапирања и мачења во Украина

Објавено пред

Во најновиот извештај на организацијата за човекови права, „ Amnesty International“, кој беше објавен во петокот се истакнува дека проруските сили во Украина извршиле киднапирања на повеќе стотици лица, а биле забележани и голем број случаи на мачење на заложници, но, исто така, извештајот ја критикува и прекумерната употреба на сила што ја применуваат украинските сили.

„Ме тепаа со боксови, столици, со сите предмети што ќе им дојдеа при рака. Гасеа цигари од моите стапала и ме мачеа со струја. Тоа траеше толку долго што веќе ништо не можев да почуствувам. Само се онесвестив“, раскажал 19 годишниот Саша кој бил грабнат во Луганск на истокот во Украина, стои во извештајот.

 

Саша е член на прокиевските „единици за самоодбрана“. Тој објаснил дека бил ослободен откако неговиот татко платил 60 илјади долари, по што побегнал во Киев, пренесува АФП.

 

Во извештајот на оваа организација за човекови права се наведуваат голем број грабнувања, изнудување пари и тортура во источна Украина, каде проруските сили на почетокот од оваа година ги зазедоа клучните градови и дега се борат со украинските воени сили.

 

„Amnesty International“ наведува дека не биле во можност да дојдат до веродостојни информации поради хаосот кој владее во оваа област од Украина и каде властите немаат намера да направат единствен регистар на инциденти или жртви.

 

Мониторинг мисијата на Обединетите нации за човекови права во Украина забележала 222 веродостојни случаи на киднапирање, додека украинското министерство за внатрешни работи тврди дека само во периодот од април до седми јуни биле киднапирани 387 лица, меѓу кои и 39 новинари.

 

Организацијата во своето соопштение, исто така, наведува дека постојат голем број случаи на незаконско приведување лица кое го спроведуваат прокиевските сили./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Кран висок 20 метри падна врз куќи во Лондон, едно лице загина

Објавено пред

Врз куќи во источен Лондон паднал кран висок 20 метри, при што загинала една жена.

Жената е пронајдена на првиот кат на една од оштетените куќи. Две лица завршиле во болница со повреди на главата, а уште две добиле полесни повреди.

Кранот паднал на две куќи и станбена зграда во изградба.

„Целиот покрив на мојата куќа беше срушен. Бев шокиран. Го отворив прозорецот со поглед на градината и видов еден голем црвен објект што паѓа врз нас. Истрчав надвор. Не знаев што да правам“, рече Мотиур Рахман за „Скај вести“.

„Само што излегов од бањата. Ако излезев секунда подоцна, вратата на мансардата ќе паднеше врз мене. Ако брат ми или сестра ми беа во своите соби, којзнае дали би преживеале. Сè беше уништено таму. Јас дури и не сакам да размислувам за тоа“, рече една станарка.

Кранот го користела компанијата Swan Housing Association & NU living.

Портпаролката на компанијата изјави дека Swan Housing Association & NU living е свесна за инцидентот што се случил и дека нивна екипа е на местото на настанот.

Прикажи повеќе...

Европа

Италија ќе ги следи отпадните води за рано предупредување од нов бран на коронавирусот

Објавено пред

Италија планира да ги следи отпадните води во целата земја за евентуално рано предупредување за ширење нов бран на коронавирусот, објави Националниот здравствен институт (ISS).

Следењето на отпадните води ќе се фокусира на приоритетни области, како што се туристичките одморалишта, во првата фаза, која ќе трае во текот на јули. Во октомври ќе почне да се шири во сите италијански градови.

Проектот, координиран од ISS, ќе биде спроведен од регионални агенции, локални здравствени власти, универзитети и 50 комунални претпријатија. Примероците од вода ќе бидат анализирани за да се откријат траги од вирусот кај популацијата.

„Овој пристап ќе може да предвиди каде циркулира вирусот“, рече Лука Лукентини, директор на одделот за квалитет на водата на ISS.

Во јуни ISS објави дека научниците пронашле траги од коронавирусот во отпадните води на Милано и Торино во декември 2019 година посочувајќи дека Ковид-19 циркулирал во северна Италија дури и пред Кина да ги потврди првите случаи на инфекција.

Истражувањата во Холандија, Франција и на Австралија исто така откриле траги од вирусот во канализацијата, па многу земји почнале со анализи на отпадните води за следење на болеста.

Италија е една од земјите што е најтешко погодена во пандемијата со 242.114 заразени и 34.914 мртви.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската влада усвои историска стратегија за родова еднаквост

Објавено пред

Германската влада усвои стратегија насочена кон зајакнување на еднаквоста меѓу мажите и жените во сите идни закони и програми финансирани од владата.

Ова е првпат германската влада да се посвети на меѓуресорска стратегија за зајакнување на родовата еднаквост, тема што претходно беше препуштена на Министерството за жени.

И покрај родовата еднаквост утврдена во германскиот Устав, потребни се децении целата власт да се заложи за спроведување на истата, рече Франциска Гифеј, министерка за семејни прашања, стари граѓани, жени и млади.

Целите на стратегијата се да се назначат повеќе жени на лидерски позиции, да им се помогне на жените во спроведувањето на семејните и работните обврски и да се поттикне поправична поделба на грижата.

Гифеј вели дека има уште многу работа во овие области и дека стратегијата е пресвртница што ќе служи како важна основа за идните влади.

Овој потег на владата се случува еден ден откако Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел го прифати предлогот за зголемување на застапеноста на жените во партијата на 50 проценти до 2025 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ25 минути

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ58 минути

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија2 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Регион3 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион5 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет6 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион6 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ6 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија7 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион8 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија9 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион9 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија9 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион19 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион20 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион21 час

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет23 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион1 ден

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија1 ден

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија1 ден

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Досие