Европа
Англиканскиот челник изјави дека 2016-та е одбележана со страв и поделби, Фараж го критикува
Челникот на Англиканската црква изјави во текот на божикната литургија во неделата дека 2016 година „го преплавила човештвото со страв и поделби“, што Најџел Фараж, кој се залагаше за излегувањето на Велика Британија од Европската унија го критикуваше како негативизам.
Надбискупот од Кантербери, Џастин Велби, рече дека вредностите на светот се „на погрешно место“, а дека економскиот, технолошкиот и напредокот во комуникациите не донеле правда. Истакна дека непријатноста на модерните времиња покажала дека довербата и вербата во материјализмот не успеале.
Велби е духовен водач на Англиканската црква, глобалната заедница со повеќе од 85милиони англиканци. Својата божикна литургија ја одржа во Кантенбериската катедрала на југоистокот од Англија.
„Крајот на 2016 година го дочекуваме во поинаков свет, помалку предвидлив и сигурен, преплавен од стравот и поделбите. Неизвесноста во време на големата но далеку од раширена благосостојба е знак дека нашата вера е насочена на погрешни работи. Економскиот, технолошкиот и комуникацискиот напредок не доведе до економска правда. Не ни донесе слава“, истакна англиканскиот челник додавајќи дека недоследноста на нашиот свет и чувствата ни покажуваат дека вредностите ни се на погрешното место.
Надбискупот Велби не спомена притоа конкретни настани. Меѓутоа, неговите забелешки доаѓаат на крајот од годината во која гласањето за британското излегување од ЕУ и изборот на Доналд Трамп за американски претседател беа спротивни од очекувањата на естаблишментот.
Најел Фараж, водач на евроскептичната партија UKIP, кој ја водеше кампањата за Brexit, и беше првиот британски и воопшто европски политичар кој се сретна со Трамп по неговиот избор на 8-ми ноември, ги критикуваше некои од пораките на Велби,
„Среќен Божик. Игнорирајте ги сите негативни пораки на бискупот од Кантер бери и имајте прекрасен ден“, напиша Фараж на својот профил на Twitter./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

