Европа
Анкета на Pew: Мнозинството Руси ги поддржуваат политиките на Путин
Мнозинството Руси ја поддржуваат политиката што ја спроведува рускиот претседател Владимир Путин покажуваат резултатите од големото меѓународно истражување што во средата го претстави во Вашингтон американскиот институт Pew Research Center.
Според ова истражување, дури 83 отсто од испитаниците ја поддржуваат политиката на шефот на руската држава во однос на кризата во соседна Украина, каде што од април минатата година трае вооружениот конфликт меѓу силите лојални на прозападните власти во Киев и рускојазичните бунтовници на истокот од земјата, за што меѓусебно се обвинуваат Западот и Русија. Само 13 проценти од анкетираните Руси одговориле негативно, покажува анкетата на Pew.
Кога станува збор за политиките на приближување со Кина, Путин ужива уште поголема доверба кај своите сонародници, имено го поддржуваат 90, а не го поддржуваат 4 отсто. Во однос на САД, рускиот челник, исто така, има висока поддршка кај гласачите, односно 85 отсто ја поддржуваат и 10 проценти не ја поддржуваат неговата политика. Како што истакнуваат авторите на истражувањето, 62 отсто од испитаниците ја поддржале политиката на претседателот на Русија на планот на корупцијата, а околу третина не се согласуваат со неа.
Истовремено, според анкетата, последните период се зголемил бројот Руси кои сметаат дека политиките на Путин водат кон тоа „луѓето во другите земји да го гледаат помалку привлечниот лик на Русија“. Додека во 2014 година така сметале 26 отсто, сега ги има 37 проценти. Притоа дека политиката на рускиот претседател придонесува за „подобриот имиџ на земјата“, се уверени 27 отсто, а пред една години ги имало 43 отсто.
Истовремено популарноста на Путин како што се истакнува од страна на авторите на истражувањето, го обновила максимумот и достигнала 88 отсто. Од таа бројка, две третини од испитаниците имаат „висок степен на доверба“ во претседателот, а 9 отсто немаат доверба во него.
Според овие резултати, 73 отсто од Русите негативно ја оценуваат актуелната економска ситуација во Русија. Овој показател бил поголем само на почетокот од 2000-те години, пред Путин да се појави на политичката сцена, кога изнесувал 83 отсто. Само секој четврти испитаник смета дека руската економија во моментов е во добра состојба. Пред три години, така мислеле 32 отсто.
Една третина од Русите за економските проблеми на нивната земја ги обвинуваат западните санкции воведени против Москва поради наводната нејзина политика во Украина и присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација во март 2014 година, што за Западот е нелегална руска анексија на украинска територија. Секој четврти испитаник, пак, главната причина за состојбите ја гледа во економските политики што ги спроведува владата.
Станува збор за опширна студија на американскиот институт Pew Research Center, спроведена во осумте земји членки на НАТО, САД, Канада, Италија, Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија и Полска, и уште две поглавја го испитуваат јавното мнение во Украина и во Русија. Анкетата е спроведена во овие десет земји телефонски или лично меѓу 11.116 полнолетни лица в о периодот од 6-ти април до 15-ти мај, истакнуваат од институтот.
Претходно во средата институтот објави дека само 41 отсто од испитаниците во осумте земји на НАТО, се наклонети на тоа Алијансата да ѝ испорача на Украина смртоносно оружје. Наспроти тоа, 70 отсто од граѓаните на овие осум земји се наклонети на давање економска помош на Западот за властите во Киев.
Многу од сојузничките земји не се наклонети на примената на членот 5 од договорот за НАТО, кој бара земјите членки да ги браната сојузниците, ако е потребно и со вооружена сила, во случајов при евентуален напад од Русија, заклучија во Pew.
Во споменатите осум земји членки на НАТО, 48 отсто од испитаниците се за примена на овој член, додека 42 се против. Во Франција и Италија, против се 53, односно 51 отсто. Најмногу приврзаници за примената на членот 5 има во САД, и тоа 56 отсто, а најмалку во Германија – 38 отсто./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

