Контакт

Европа

Антиисламски протести во Германија

Објавено пред

Најмалку 17.000 луѓе учествуваа во протестите во Дрезден, во понеделник вечер, кои беа организирани во знак на противењето на `исламизацијата на Германија`. 

dobivaj vesti na viber

Сепак, организаторите ПЕГИДА (Европски патриоти против исламизација на западот), очекуваа најмалку 30.000 учесници. Лидерот на ПЕГИДА, Луц Бахман, на собирот истакна дека Германија не е имиграциона земја и дека тие што сакаат да живеат таму мора да ги почитуваат христијанско-еврејските вредности.

 

Протестот во понеделникот беше најголем до сега, а бројот на членови на организацијата драстично расте од првите собири во октомври, кога на улиците излегоа само неколку стотини луѓе.

 

Организаторите потенцираат дека својот глас го креваат против екстремистите, а не против имигрантите, но ваквите настани ја зголемуваат загриженоста од појава на крајна десница во Германија.

 

Протестите беа одржани пред дрезденската опера Семперопер, која не ги поддржа, а ги исклучи и светилките, кога на ѕидовите се појавија банери со пораки „Отворете очи“, „Отворете врата“, „Дигнитетот на човекот е неповредлив“, што е прва реченица во германскиот устав.

 

Демонстрантите на ПЕГИДА беа дочекани со контрапротести, па така околу 4.500 луѓе маршираа низ Дрезден носејќи пароли „Без нацизам“. Контрапротести имаше и во Минхен, каде се собраа околу 12.000 луѓе, а слични собири имаше и во Бон, Берлин, Росток, Вурзбург и Дизелдорф.

 

Германските политичари ги осудија протестите, меѓу кои и канцеларката, Ангела Меркел, како и поранешниот канцелар Герхард Шредер.

 

Според статистиката, само 0,1 отсто од жителите на Дрезден се муслимани./крај/тл/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Путин тестира нуклеарна ракета еден ден пред историската средба со Трамп?

Објавено пред

Русија се чини дека се подготвува да ја тестира својата нова крстосувачка ракета на нуклеарен погон, која може да носи и нуклеарна боева глава, објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца американски истражувачи и западен безбедносен извор.

dobivaj vesti na viber

Сето ова доаѓа во време кога рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за разговори за Украина со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска утре.

Џефри Луис од Институтот за меѓународни студии Мидлбери во Калифорнија и Декер Евелет од тинк-тенкот CNA во Вирџинија дојдоа до заклучоците независно, анализирајќи сателитски снимки направени од Planet Labs во последните недели до вторник.

Според нивната проценка, фотографиите покажуваат зголемена активност на тест-полигонот Панково на архипелагот Нова Земја во Баренцовото Море – вклучувајќи голем број персонал и опрема, како и бродови и авиони поврзани со претходните тестови на ракетата „9M730 Буревесник“. „Гледаме огромни количини опрема што пристигнуваат за поддршка на операциите, како и движење на местото на лансирање“, рече Луис.

Западен безбедносен извор, кој побара да не биде именуван, потврди дека Русија се подготвува за тестот. Луис процени дека тоа би можело да се случи оваа недела, што би можело да го засени самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска. Белата куќа не коментираше за можноста за тест, а Пентагон, ЦИА и руското Министерство за одбрана одбија да коментираат.

Путин претходно изјави дека оружјето, означено од НАТО како SSC-X-9 Skyfall, е „непобедливо“ за сегашните и идните системи за ракетна одбрана, со практично неограничен дострел и непредвидлива патека на лет.

Луис, Евелет и двајца експерти за контрола на оружјето велат дека ракетата добила дополнително значење за Москва откако Трамп го објави развојот на американскиот систем за ракетна одбрана „Златна купола“ во јануари. Но, многу експерти се сомневаат дека „Буревесник“ би можел да ја пробие одбраната и предупредуваат дека ќе испушти зрачење за време на летот.

Ракетата има слаб досегашен резултат, при што само два од нејзините 13 познати тестови биле делумно успешни, според податоците на организацијата Nuclear Threat Initiative.

Евелет и Луис велат дека снимката покажува стотици контејнери, опрема и персонал како пристигнуваат од крајот на јули. Два специјализирани авиони опремени со радар се стационирани на воениот аеродром Рогачево од средината на јули, а најмалку пет бродови поврзани со претходни тестови се во пристаништето. Шестиот брод, товарниот брод „Териберка“, беше на пат кон Нова Земја во вторник.

Норвешката војска потврди за Ројтерс дека Баренцовото Море е „клучна локација за тестирање на руски ракети“ и дека се видени знаци на подготовки, но не потврди за какво оружје станува збор.

Кон крајот на јули, засолништето што го штити лансерот „Буревесник“ на местото на тестирање беше преместено напред-назад, што истражувачите велат дека е јасен знак за непосреден тест. Снимките од 7 август покажуваат отворен лансер, контејнери, кран и хеликоптер. „Подготовките се во полн ек“, рече Луис.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски денес ќе се сретне со Стармер

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит, соопшти канцеларијата на британскиот премиер, објави „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Даунинг стрит не откри многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се одржува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговара за прекин на огнот во Украина.

Зеленски, Стармер и европските лидери вчера имаа заеднички телефонски разговор со американскиот претседател, за време на кој се согласија дека одлуките за Украина не треба да се донесуваат без учество на Украина и дека првиот чекор треба да биде притисок за прекин на огнот.

„Ен-би-си Њуз“ синоќа објави дека Трамп рекол дека нема да разговара за поделба на територијата со Путин. Тој исто така рече дека се надева оти ќе одржи самит меѓу Зеленски и Путин.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Објавено пред

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и пожар во објектот, изјави денес гувернерот на Волгоградската област Андреј Бочаров, како што објави Киев Индепендент.

dobivaj vesti na viber

„Вечерва, силите за воздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија масовен напад со беспилотни летала на територијата на Волгоградската област“, рече Бочаров.

„Како резултат на паѓањето на остатоци, нафтените производи се излеаја и се запалија во рафинеријата за нафта Волгоград. Пожарникарите брзо почнаа да го гаснат пожарот.“

Прелиминарните информации покажуваат дека нема повредени, додаде Бочаров.

Рафинеријата во Волгоград, во сопственост на рускиот нафтен гигант Лукоил, досега беше нападната неколку пати во војната. Руските медиуми и официјални лица објавија напади врз рафинеријата во февруари и март 2025 година. Генералштабот на Украина потврди напад со беспилотни летала врз рафинеријата во јануари.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Регион2 часа

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа2 часа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет2 часа

Откриено е што Трамп ѝ понуди на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет3 часа

Каде ќе се одржи самитот Трамп-Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион3 часа

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет13 часа

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет14 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа16 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа16 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија17 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија18 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија19 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура19 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ1 ден

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија1 ден

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет1 ден

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија1 ден

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија1 ден

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...