Европа
Авион на ‘Germanwings’ принудно спуштен во Венеција
Авион на германската нискотарифна воздухопловна компанија „Germanwings“ на летот од Хановер до Рим, принудно атерираше во Венеција во петок попладнето, бидејќи на еден член од екипажот и на патник им се слошило, потврдија од компанијата.
Капетанот на летот 4U 3882 од Хановер за Рим одлучил да го спушти авионот на венецискиот аеродром „Марко Поло“, бидејќи еден член на екипажот, како и една патничка, не се чувствувале добро, пишуваат италијанските медиуми.
Капетанот на патниците им објавил дека во авионот има две лица кои не се чувствуваат добро, а по слетувањето биле повикани да се преместат во друго летало. Аеродромот во Венеција засега официјално не ја објави никакви информации за слетувањето.
Патници во спуштениот авион за агенцијата Ansa потврдиле дека летот од Хановер доцнел десетина минути, но не ја знаат причината, како ни зошто биле префрлени во друг авион при продолжување на летот за Рим.
„Летавме над Алпите и требаше да го следиме правецот Верона – Болоња – Рим. Одеднаш забележавме дека авионот оди надолу и постепено пред нас се појавуваше лагуната на Венеција. Капетанот зборувајќи на англиски јазик ни соопшти дека две лица, член на екипажот и патничка, не се чувствуваат добро“, изјавил за агенцијата Еугенио Бартолини, професор во римска гимназија кој патувал со свои ученици, за кои вели дека останале присебни.
Потврдил дека во авионот влегле медицински лица кои укажувале помош на жена, за која се сомневаат дека имала страв од летање, но дека не знае што станало со членот на екипажот, зашто тој бил во пилотската кабина.
Од „Germanwings“ го потврдиле слетувањето на нивниот авион во Венеција, но според нив не станувало збор за случај кој може да се карактеризира како „итен“. „Две лица, еден патник и член на екипажот почувствувале сериозна слабост за што бил потребен медицински третман“, се вели во одговорот што го добила Ansa, без да се објасни карактерот или симптомите на кои се жалеле лицата./крај/мф/сн
Извор: Ansa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

