Европа
Авионот со првите тела летна од Украина, Донецк тврди дека предал 282 тела

Холандски транспортен авион со првите 16 тела на жртвите од несреќата на малезискиот авион во источна Украина одлета во средата од аеродромот во Харков кон Холандија, додека претставниците на бунтовничката самопрогласена Народна Република Донецк тврдат дека на малезиските власти им предале точно 282 тела на жртвите, иако во вторникот навечер шефот на холандските експерти изјави дека тие примиле од украинските власти само 200 тела.
Репортерот на Reuters од Харков пренесува дека воената стража ги внела ковчезите во авионот по кусото тажно испраќање на пистата од аеродромот. Сите 298 патници и членови на посадата, од кои 85 деца, загинаа во уривањето на патничкиот авион „Boeing 777“ на малезиската компанија „Malesian Airlines“ минатиот четврток, 17-ти јули, во источниот дел на Украина, во областа на градот Донецк кој е под контрола на проруските бунтовници, на 60-ина километри од границата со Русија. Повеќето од жртвите се Холанѓани, па затоа во Холандија ќе биде извршена постапката на идентификација. На испраќањето од Харков, вицепремиерот на Украина, Володомир Гројсман изјави дека „уривањето на авионот е нехуман терористички акти изведен со помош на Русија“. „Киев ќе стори сé одговорните да ги изведе пред правдата“, истакна.Подоцна во средата од Харков треба да полета канадски воен авиони со уште 24 тела.Истовремено во средата, членот на Советот за безбедност на самопрогласената Народна Република Донецк, Сергеј Кавтарадзе, ги нарече „лаги и провокации“ изјавите дека во Харков од селото Торез во областа Донецк, со специјалните вагони фрижидери биле испратени само 200 од 282-те тела на жртвите од авионската трагедија. Шефот на холандскиот форензички тим кој се наоѓа во Украина, Јан Туиндер за The Washington Post изјави дека во возот со посмртните останки на патниците од малезискиот авион имало 200, а не 282 тела како што објави владата на Украина.„Единственото нешто во што можам да бидам сигурен е дека бројот (на телата) е 200“, изјави Туиндер, додавајќи дека било „комплицирано“ да се пребројат. „Тие ќе бидат најдени. Мораме да ги пронајдеме“, додаде како и дека нему не му е познато местото каде се наоѓаат. „… Според украинските власти од Торез (кој е под контрола на проруските бунтовници) во Харков (под контрола на украинските власти) се превезени 282 тела, додека холандските стручњаци изброија само 200 тела“, рече за агенцијата Туиндер. „Потполно сме сигурни дека во возот има 200 тела. Каде се другите? Тоа ќе биде предмет на идните истрага“, којашто ќе бидат спроведени во Холандија, додаде Туиндер.Австралискиот премиер Тон Абот, чии државјани исто така се наоѓаат на листата на жртвите, во средата предупреди дека сé уште не е јасно колку тала од урнатиот малезиски авион се донесени во Харков, како и колку тела на погинатите останале на местото на несреќата. „Многу е можно многу тела уште да се наоѓаат таму, на отворено, под европското летно сонце, изложени на влијание на горештините и дивите животни“, изјави австралискиот премиер апелирајќи останките од загинатите што побрзо да бидат пренесени од местото на несреќата кое се наоѓа под контрола на пропруските бунтовни, но кои се повлекоа од обезбедувањето на ова подрачје откако ги предадоа телата на загинатите. Вицепремиерот на Украина, Гројсман, претходно во вторникот објави дека според извештајот на украинското Министерство за вонредни ситуации, биле пронајдени 282 тела и 87 фрагменти коишто им припаѓаат на 16 тела.„Постои меѓудржавен акт, потпишан од ДНР, владата на Малезија и експертите за судска медицина од Холандија. Согласно документот, во возот имаше 282 вреќи со тела и 82 со делови од тела. Сето друго е лага и обид за некаква одмазда кон Донецката народна република“, изјави Кавтарадзе за РИА новости. Додаде и дека водството на донецките бунтовници не знае каде во моментов се наоѓаат „црните кутии“ од авионот. „Ни ги предадовме на малезиските претставници, за натаму прашајте ги нив“, одговорил Кавтарадзе. Претходно во средата специјалната истражна комисија на Украина на својата Facebook страница објави дека „денеска ’црните кутии’ од авионот ’Boeing 777’ пристигнаа во Велика Британија и под надзор на Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO).Велика Британија се согласи во вторникот на барање на Холандија, да ги извлече податоците од „црните кутии“ од малезискиот авион „Boeing 777“ . „Се согласивме на барањето на Холандија во Фарнборо да ги извлечеме податоците од црните кутии од летот МН17 за потребите на меѓународната истрага“, напиша британскиот премиер Дејвид Камерон на Twitter.Британското Биро за истраги на воздухопловни несреќи е сместено во местото Фарнборо во јужна Англија и е дел од министерството за сообраќај.Претходно ноќта кон вторникот, Александар Бородај водачот на самопрогласената Народна Република Донецк, на чија територија падна малезискиот авион за кој Западот упорно тврди дека е урнат со ракета земја-воздух од руско производство, во Донецк ги предаде двете „црни кутии“ од авионот на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“ на малезиските експерти на прес-конференција во присуство на многу странски новинари го потпиша договорот за предавање на „црните кутии“ на малезиските власти.„Гледам дека ’црните кутии’ се недопрени, иако малку оштетени, но се во добра состојба“, изјави полковникот Мохамед Сакри од малезискиот Национален совет за безбедност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Руски град на 1.300 километри од украинската граница нападнат со дронови

Украинските беспилотни летала нападнаа повеќе цели во Русија и во окупираниот Крим преку ноќ вклучувајќи го и рускиот град Ижевск, на повеќе од 1.300 километри од украинската граница, објавија руските власти и локалните канали на „Телеграм“.
Жителите на Ижевск пријавија експлозии рано утрово, а локалните власти потврдија напад со беспилотно летало врз објект во градот. Александар Бречалов, шефот на руската Удмуртска Република, рече дека службите за итни случаи реагираат на нападот и дека повеќе информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни.
💥 What a loaded morning! Russian city Izhevsk was hit by drones — air defense scored a clean 0%
Udmurtia’s governor Brechalov claimed that one of the city’s enterprises was attacked by drones “from the Kyiv regime” (🤭).
🏭 Reportedly, the target was the Izhevsk… pic.twitter.com/oIlu8dFJ4n
— NEXTA (@nexta_tv) July 1, 2025
Руската агенција за цивилно воздухопловство привремено ги прекина летовите до и од градските аеродроми по инцидентот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговата воздушна одбрана соборила 60 украински беспилотни летала во текот на ноќта во неколку региони, вклучувајќи 17 над окупираниот Крим, 16 над Ростовската област и 11 над Азовското Море. Другите наводно биле соборени над Курската, Саратовската, Белгородската, Воронежската и над Орјолската област, како и над Црното Море.
Експлозии и во Крим
Во окупираниот Крим локалните канали на „Телеграм“ известија за експлозии во кои наводно се наоѓаат руски системи за воздушна одбрана „С-300/С-400“ и радарски станици.
• NASA satellites recorded a strong fire south of the village of Kurortne during the night.
• According to informants from the monitoring group, this is the location of an S-300/S-400 air defence system. pic.twitter.com/42wnAK5yJ1
— Boris Alexander Beissner (@boris_beissner) July 1, 2025
Групата за мониторинг се повика на сателитски податоци од НАСА, кои покажуваат голем пожар во областа преку ноќ, иако нема официјална потврда за каква било штета на системите за воздушна одбрана.
Украина официјално не ја презеде одговорноста за нападите, а нејзината воена разузнавачка служба не ги коментира настаните. „Киев индепендент“ не беше во можност независно да ја потврди оваа информација.
Европа
Млад човек упадна во компанија во Германија: уби едно лице со нож и тешко повреди уште двајца

Дваесет и едногодишен маж избол тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата.
Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.
Според „Билд“, вработениот починал откога претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Осомничениот, 21-годишен германски државјанин, е уапсен, потврди портпаролот на полицијата. Сè уште не е јасно каква е неговата поврзаност со компанијата или кој би можел да биде неговиот мотив за нападот.
„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата.
Европа
Данска го презема претседавањето со Европската Унија

Данска денес го презема од Полска ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската Унија.
Се очекува владини претставници од Копенхаген да претседаваат со бројни министерски состаноци во текот на следните шест месеци и да дејствуваат како медијатори во споровите меѓу 27-те земји-членки на ЕУ.
Тематски, Данците сакаат да се фокусираат на заеднички проекти за вооружување против заканата од Русија и зголемена конкурентност во рамките на ЕУ под мотото „Силна Европа во светот што се менува“.
Тие, исто така, се надеваат дека ќе ги унапредат законските проекти за борба против несаканата миграција и климатските промени.
Главните предизвици за данското претседателство веројатно ќе бидат тековната унгарска блокада на Украина во преговорите за пристапување кон ЕУ и трговскиот спор со Соединетите Американски Држави.
Се закануваат дополнителни спорови околу финансиските прашања, бидејќи дискусиите за долгорочниот буџет на ЕУ од 2028 до крајот на 2034 година треба да започнат во наредните месеци.
Ставовите на земјите-членки варираат во голема мера. На пример, Германија, како нето придонесувач, се спротивставува на зголемувањето на буџетот, кој неодамна изнесуваше повеќе од еден билион евра.