Европа
Велика Британија и натаму извезува оружје во Русија
Велика Британија и натаму извезува оружје и воена опрема во Русија, се наведува во парламентарниот извештај објавен во средата, два една откако премиерот Дејвид Камерион ја критикуваше Франција која и’ продаде два воени брода „Mistral“ на Русија,
Британскиот премиер Дејвид Камерон ја повика Европската унија да забрани продажба на оружје на Русија, обвинета дека ги опремува и обучува проруските бунтовници во источна Украина, кога во понеделникот тврдеше дека Велика Британија веќе го прекинала извозот на такви материјал, како што вети уште во март годинава, забележува француската новинска агенција AFP.Меѓутоа, во средата е објавен извештајот на британскиот парламент кој покажува дека на сила и натаму се 251 одобрување на британската влада, со коишто се овозможува извоз на британска опрема која може да се користи и во воени цели, и тоа во вредност од 132 милиони фунти. Тие дозволи за извоз овозможуваат продажба на „прецизни пушки, муниција за лесно вооружување, панцирни елеци, криптографска опрема, воена комуникациска опрема и опрема за ноќно следење“, се прецизира во споменатиот извештај.Досега се повлечени само 31 дозвола, а за уште три одобренија де одадена забелешката дека Русија не може да биде дестинација за продадената стока, открива извештајот.Во извештајот на AFP повторно се истакнува дека Камерон во понеделникот уште еднаш од Европската унија побара усвојување на економски санкции против Русија и целосен прекин на продажба на оружје во оваа земја, особено критизирајќи ја продажбата на француските носачи на хеликоптери.Франција кон средината на мај соопшти дека ќе го разгледа договорот со Русија во октомври, но не претходно. Меѓутоа, француски дипломатски извори изјавија дека договорот со Русија од 2011 година за продажбата на два носача на хеликоптери „Mistral”, со можност да продаде уште два, нема да биде дел од третиот круг санкции против Москва.„Мистралите не се дел од третиот круг (економски) санкции. Тие ќе бидат испорачани. Договорот е платен и би имало финансиски последици доколку не би биле испорачани”, изјавија во мај за Reuters неименувани француски дипломатски извори, истакнувајќи дека финансиските последици би паднале на товар на Франција../крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.