Европа
Австрискиот канцелар предупреди на кревката стабилност на мирот
Австрија во неделата ја одбележа годишнината од ослободувањето од националсоцијализмот и крајот на Втората светска војна (ВСВ) во Европа, а притоа канцеларот Вернер Фајман предупреди на кревката стабилноста на мирот и благосостојбата на континентот.
„Историјата нé подучи дека општествениот мир не е трајна состојба. И сегашноста ни покажува дека е многу лесно да се исфрли од рамнотежата мирот во општеството“, изјави австрискиот канцелар Вернер Фајман, од Социјалдемократската партија, на свеченоста на одбележувањето на годишнината од ослободувањето во својот канцеларски кабинет во Виена.
„Историјата нé учи дека воспоставувањето на демократијата и благосостојбата може да трае долго, но дека се потребни само неколку потези со пенкало сето тоа да биде уништено“, предупреди Фајман. Потсети притоа на „илјадниците припадници на движењето на отпорот“ кои платиле со животите во текот на нацистичкото владеење.
И вицеканцеларот Рејнхолд Митерленхер, од Народната партија, ја истакна потребата од изучување на минатото и предупреди на опасноста од поларизацијата на општеството во врска со актуелната бегалска криза. Истовремено предупреди и на опасноста од растечките национализми во Европа.
„Национализмите се опасни. Тие се подлога за судири и војни“, рече Митерленхер. Истовремено ја бранел Европската унија како „концепт против војните“, но предупредил и на моменталната опасност во којашто се наоѓа ЕУ „На Европа ѝ се заканува раздвојување. Многу земји членки не се однесуваат солидарно, туку националистички“, предупреди австрискиот вицеканцелар.
Во тој контекст ја критикуваше и неодамнешната изјава на Слободарската партија Хајнц-Крисијан Штрахе кој неодамна ја спомена идејата за спојување на Јужен и Северен Тирол.
Според Штрахе, Јужен Тирол, регион кој сега се наоѓа во Италија, треба да добие можност за самоопределување, и слободно да одлучи за сопствената иднина. Австриската партија на Зелените, пак, предупредила дека овие изјави се опасни и дека во Европа границите треба да се укинат, а не да се прекројат.
Јужен Тирол беше анектиран од Италија по Првата светска војна и долго време беше причина за спор меѓу Виена и Рим, додека не беше постигнато решение за автономија на овој регион во кој се зборува германски. Австрија долги години во ОН се бореше за автономија на Јужен Тирол, со можност Виена да биде заштитник на договорот. Овој италијански регион во минатото се споменуваше и како можно решение за статусот на Косово./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.