Европа
Баросо предупредува на драматичната ситуација во Украина,на Русија и’ порача да не ја потценува решителноста на ЕУ
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо оцени во саботата дека развојот на ситуацијата во Украина е драматичен и предупреди доколку така продолжи, може да се дојде до „точка од која нема враќање“. Истовремено ја предупреди Русија дека Европската унија е подготвена да ги брани своите принципи во судирот околу Украина и повика што поскоро да се изнајде политичко решение.
„Русија не смее да ја потцени волјата и решителноста на Европската унија да ги брани своите принципи и вредност“, изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо на заедничката прес-конференција во Брисел со украинскиот претседател Петро Порошенко.Според него, ЕУ е подготвена да преземе многу силни и јасни мерки против Русија, но ќе ја задржи отворена вратата за политичко решени за коешто, според Баросо, уште не е доцна. „Новата Студена војна, би и’ наштетила на цела Евроа“, истакна челникот на заминување на ЕК.Осудувајќи ја „руската интервенција“ во својата земја, украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека во Украина во моментов има илјадници странски војници и илјадници странски тенкови. Истакна дека Украина „сака мир а не војна“, исто така истакнувајќи дека земјата се приближува до моментот од кој нема да биде можно враќањето.„Денеска зборуваме за судбината на Украина, но утре би можело да стане збор за безбедноста и стабилноста на Европа“, порача Порошенко.Баросо додаде дека очекува напредок во постигнувањето на мирот, но дека кризата е близу точка од која нема враќање. „Ние сме во многу сериозна, би рекол драматична ситуација. Можеме да дојдеме во ситуација да ја достигнеме точката од којашто нема враќање. Доколку продолжи ескалацијата на судирите, можеме да дојдеме до таа точка“, рече Баросо по средбата со Порошенко.Баросо истакна и дека ЕК веќе подготвила некои мерки доколку челниците на земјите членки на ЕУ на својот сами во кој започнува во саботата попладне решат да ги засилат санкциите против Русија. „Подготвени сме да преземеме силни и јасни мерки, а истовремено ја оставам вратата отворена“, рече. „Не е во ничиј интерес нова војна на нашиот континент, нов судир. Тоа едноставно не е начинот на кој треба да се однесуваат одговорните, горди нации во 21-от век. Никој не ја потценува загриженоста на Русија, но политичките разлики мора да се решаваат со политички средства“, рече уште претседателот на Европската комисија. Порошенко ќе им се обрати на челниците на 28-те земји членки на ЕУ на самитот во Брисел. Не е исклучено ЕУ да донесе нови санкции против Русија. Во текстот заклучоци за наводната руска улога во Украина таа би можела да се квалификува како „инвазија“, како што инсистира Киев, додека САД уште остануваат на квалификацијата „напад“. Се навестува и дека самитот може да заврши со повик до Европската комисија да подготви нов сет мерки против Русија.Меѓу земјите членки на Европската унија постои неединство околу пристапот кон Русија околу нејзината наводна улога во украинската криза. Тие во прв ред произлегуваат од големите економски интереси и големата зависност од увозот на рускиот гас. Истовремено, ЕУ упати силна порака на Украина и поддршка за постигнување политичко решение, коешто ќе ги почитува независноста, единството и сувереноста на земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

