Европа
Барселона и Мадрид ја создаваат ‘мрежата градови’ за помош на бегалците

Градските власти на Мадрид објавија дека ѝ се придружуваат на Барселона во воспоставувањето на „мрежата градови“ за да им се помогне на стотиците илјади бегалци кои пристигнуваат во Европската унија.
Овие два града, во коишто по последните локални избори на власт е левицата, го критикуваа начинот на кој шпанската влада предводена од конзервативците ѝ пристапува на бегалската криза со којашто се соочува Европската унија.
Градските власти на Барселона објавија дека се состанале со локалните невладини организации за да го организира запишувањето на бегалците кои пристигнуваат во градот и да ги смести во „многу семејства во Барселона кои им понудиле „гостопримство на бегалците“. „Барселона сака да воспостави мрежа градови за прифаќање на бегалците, за здружено да се фатиме во костец со оваа криза“, се истакнува во соопштението на властите на каталонската престолнина испратени до медиумите.
Градската управа на Мадрид, пак, објави дека ѝ се придружува на оваа иницијатива која Барселона ја започна на 29-ти август. „Градската управа ѝ се придружува на мрежата градови кои ги прифаќаат бегалците на предлогот на Барселона и овие денови ќе предложи начини и мерки за решавање на трагедијата којашто ја преживуваат бегалците“, се наведува во соопштението на градот Мадрид.
Конзервативниот шпански премиер Маријано Рахој во вторникот изјави дека неговата земја, со речиси 47 милиони жители, годинава има намера да прими малку повеќе од 2.700 бегалци. Рахој, сепак, додаде дека е подготвен повторно да разговара за бројот на бегалците кои Шпанија може да ги прифати, навестувајќи дека неговиот став може да се промени.
Меѓународната организација за миграции (IOM) претходно во вторникот објави дека од почетокот на годинава до 24-ти август, 2.166 луѓе се обиделе да влезат во Европската унија преку Шпанија по поморски и пат. Другите две медитерански земји од ЕУ, се далеку попогодени од овој проблем, со 157.000 илјади во Грција, односно 107.000 во Италија, додека на Малта пристигнале неколку стотици луѓе чија цел се Германија и земјите од Скандинавија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.