Европа
Брекзит: Обама со изјавите не влијаел врз гласачите

Противниците на членството на Велика Британија во Европската унија во последните две седмици постепено минале во водство, покажа анкетата на YouGov којашто укажува и на тоа дека повикот на американскиот претседател Барак Обама на референдумот на 23-ти јуни Британците да гласаат за останување во ЕУ, не го дал посакуваниот резултат.
Онлајн анкетата спроведена за весникот Times на 25-и и 26-ти април, покажала дека бројот Британци кои во овој момент би гласале за излегување од ЕУ пораснал за 3 отсто во однос на неодамна спроведената анкета и сега изнесува 42 отсто. Споредено со последното слично истражување на јавното мнение, спроведено од 12-ти до 14-ти април, бројот на поборниците на останувањето на Велика Британија во ЕУ се зголемил за 1 проценет, и сега изнесува 41 отсто.
Американскиот претседател Барак Обама минатиот петок ги предупреди Британците, особено кога станува збор за трговските договори со САД ќе бидат „на опашката од редицата“ доколку излезат од ЕУ, што поборниците на останувањето го поздравија како силно предупредување.
„Некои изјавата на Обама ја оценија како контрапродуктивна. Ова истражување упатува на тоа дека Обама на ниеден начин не го поттикнал зголемувањето на приврзаниците за останување во ЕУ“, оценува директорот на YouGov, Ентони Велс.
„Не влијаел на промена, не влијаел на поинакво размислување, всушност не придонел за никаква промена. Веќе со месеци имаме изедначен резултат и се чини дека на тоа ништо не може да влијае“, смета Велс.
„Британците го сакаат Обама, но тоа не е доволно да ги измената своите цврсти ставови за тоа дали Британија треба да излезе од ЕУ“, вели Велс./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото+видео) Повеќе од 30.000 луѓе на проевропски демонстрации во Рим

Најмалку 30.000 Италијанци се приклучија на проевропскиот митинг во центарот на Рим, веејќи сини знамиња на Европската унија во знак на поддршка и единство во услови на европски притисок за повторно вооружување што ја подели земјата.
На демонстрациите се собраа луѓе за да изразат „заеднички европски идентитет“ и да повикаат на мир, и покрај идеолошките разлики.
VIDEO | Roma, la manifestazione per l'Europa in piazza del Popolo. Ideata dal giornalista Michele Serra. Sventolano bandiere arcobaleno, di Ue e Ucraina #ANSA pic.twitter.com/Dja08A9n6k
— Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) March 15, 2025
Иницијативата, поддржана од повеќето опозициски партии на левиот центар, беше покрената од италијанскиот новинар Микеле Сера на крајот на февруари, со уреднички текст во италијанскиот дневен весник „Ла Република“ со наслов: „Ајде да кажеме нешто европско“.
„Сакав да организирам голема демонстрација на граѓани кои ја поддржуваат Европа, нејзиното единство и нејзината слобода, без партиски знамиња, само европски знамиња“, рече Сера.
E’ stata una Piazza del Popolo per l’Europa davvero stupenda, con più di 50 mila persone!
Ringrazio Michele Serra che ha lanciato l’appello e i tanti Sindaci venuti a Roma da molte città del nostro Paese. Come cittadini italiani ci sentiamo cittadini europei. E sentiamo con il… pic.twitter.com/qsqDalGHTi— Roberto Gualtieri (@gualtierieurope) March 15, 2025
Иницијативата е родена како одговор на дестабилизирачката политика на американскиот претседател Доналд Трамп , која создаде невиден јаз меѓу Европа и САД, затегнат поради војната во Украина и тековната тарифна битка.
Италијанскaта премиерка Џорџија Мелони неволно го поддржа планот на ЕУ за повторно вооружување на Европа поради загриженоста дека предлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, може да влијае на огромниот долг на Италија, пренасочувајќи ги многу потребните средства кон трошењето на оружје.
Планот на ЕУ има за цел да генерира околу 800 милијарди евра во следните четири години, од кои најголемиот дел ќе дојде од земјите-членки што ги зголемуваат своите национални трошоци за одбрана и безбедност.
Европа
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп

Кремљ потврди дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин за време на вчерашната посета на Москва.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, но точниот датум сѐ уште не е договорен.
„Точното време на разговорот меѓу двајцата претседатели сѐ уште не е одредено“, изјави Песков за новинарите.
„Откога господинот Виткоф ќе му ги пренесе на својот претседател сите информации што ги добил во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговор“, додаде тој.
Песков исто така за новинската агенција ТАСС изјави дека двете страни „разбираат дека е неопходен разговор меѓу претседателите“.
Европа
ЕУ ќе ги продолжи санкциите кон Русија и покрај унгарските закани

Високи дипломати на Европската Унија утринава се согласија да ги продолжат санкциите против речиси 2.000 руски граѓани, вклучително и претседателот Владимир Путин, многу високи политичари и бизнисмени.
Санкциите, кои мора да се обновуваат едногласно на секои шест месеци, остануваат во сила до 15 септември 2025 година.
По заканата на Унгарија дека ќе стави вето на списокот, четири лица беа отстранети од списокот, а три лица, кои неодамна починаа, исто така беа избришани, велат извори од ЕУ.
Банкарскиот и енергетски тајкун Михаил Фридман, кој делумно ја доби правната битка против санкциите на ЕУ минатиот април, останува на листата, велат изворите.