Контакт

Европа

Британски наставник во затвор зашто сакал да оди во IS

Објавено пред

Професор по хемија од северна Англика, познат како приврзаник на сунитската радикална организација Исламска држава (IS) се обидел и самиот да замине да се бори во Сирија на страната на џихадистите, за што е казнет со затвор во траење од шест години.

dobivaj vesti na viber

Џамшед Џавид, кому семејството му го сокрило пасошот за да го одврати од заминување во Сирија, бил „решителен да го оствари својот план“, соопшти во четвртокот полицијата во Манчестер. Овој 30-годишен предавач во средно училиште во Болтон, минатата година е осуден поради тероризам, кога пред судот во Лондон признал дека е виновен за помагање на други да сторат терористички дела и во подготвување да заминат на боиштето во Сирија.

Разузнавачките служби сметаат дека околу 500 Британци, муслимани и лица кои преминале во оваа вера, се борат во Ирак и во Сирија на страната на Исламската држава, меѓутоа веруваат и дека оваа бројка е значително поголема. Особено постојат стравувања дека борците коишто ќе се вратат во Велика Британија, може да извршуваат терористички напади.

Еден од членовите на семејството на осудениот Џавид уште во август 2013 година забележал промена во неговото однесувањето и во изгледот. Четири месеци подоцна тој на семејството му соопштил дека сака да замине во Сирија и дека купил опрема за себе и за борците на Исламската дражва со којашто ќе се служи кога ќе пристигне таму, се додава во полициското соопштени. Притоа се наведува дека Џавид за џихадистичките борци купил комуникациска опрема, полначи за разни мобилни уреди и акумулатори./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Објавено пред

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за штети на станбени згради и други објекти.

dobivaj vesti na viber

Службениците, исто така, објавија дека руските воздушни напади се случиле во други украински региони, вклучувајќи го и Харков, вториот по големина град во земјата, каде што регионалниот гувернер рече дека две лица се повредени. Во Киев, сведоци на Ројтерс слушнале силни експлозии по полноќ и рекле дека биле користени и ракети и дронови.

Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на градот, изјави на Телеграм дека неколку станбени згради, образовна институција и деловна зграда се оштетени во областите источно од реката Днепар.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека зграда на градинка се запалила, а нестанбена зграда е погодена во источните делови на градот.

Воздушниот напад останал на сила повеќе од два часа откако бил прогласен. Видеата објавени на социјалните медиуми покажуваат стан на горните катови од станбена зграда во Киев во пламен.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, пријави серија напади со дронови и ракети. Јавниот сервис „Суспилне“ објави серија експлозии во југоисточниот град Днепар и во Суми, во близина на руската граница.

Прикажи повеќе...

Европа

Медведев: Можен е глобален конфликт, ситуацијата е многу опасна

Објавено пред

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека светот станува многу опасно место, но дека Русија не сака глобален конфликт. Руската инвазија на Украина во 2022 година предизвика најголема конфронтација меѓу Москва и Западот од врвот на Студената војна, иако претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во моментов се обидуваат да преговараат за крај на војната со Русија и Украина, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Медведев го пофали Трамп и рече дека е охрабрувачки што контактите со Вашингтон се обновени. Сепак, Медведев, кој во минатото даваше остри изјави до Киев и западните сили, и предупредуваше на ризикот од ескалација на војната во нуклеарна „апокалипса“, рече дека Западот постојано ги игнорирал руските интереси.

„Ситуацијата е многу опасна“, рече Медведев во интервју за Ројтерс, ТАСС и рускиот воен блогер ВарГонзо во неговата резиденција во близина на Москва. „Се чини дека прагот на болка се намалува“.

„Не сме заинтересирани за глобален конфликт. Не сме луди“, рече Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година. „Но, не може да се исклучи глобален конфликт“.

Претседателот Владимир Путин го има последниот збор за руската политика, но странските дипломати веруваат дека Медведев, сега истакнат јастреб, дава увид во размислувањето на тврдокорните во рамките на руската елита. Во просторијата каде што се одвивало интервјуто, имало карикатура на која Медведев насочува автоматска пушка кон европските лидери.

И Путин и Трамп ги споменаа ризиците од ескалација околу Украина, иако европските дипломати веруваат дека Москва вешто ја искористила картата за да ги заплаши сојузниците на Украина од премногу вклучување во војната.

„Тие велат: ‘Нем, Русите измислуваат сè, шират паника и никогаш нема да направат ништо“, рече Медведев, додавајќи дека она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина покажува дека Русија ќе се залага за своите интереси.

Украина и нејзините европски сојузници ја гледаат војната, најсмртоносната во Европа од Втората светска војна, како империјалистичко присвојување на територија. Тие тврдат дека ако Русија ја добие Украина, еден ден ќе го нападне НАТО, тврдење што Русија го отфрла како бесмислено. Конфликтот избувна во источна Украина во 2014 година откако прорускиот претседател беше соборен во револуцијата на Мајдан. Русија потоа го анектираше Крим, а сепаратистите поддржани од Москва почнаа да се борат против украинските сили.

Запрашан за низа глобални настани во јануари, вклучувајќи ги и оние во Венецуела и околу Гренланд, Медведев рече дека тоа е едноставно „премногу“. Коментирајќи го венецуелскиот претседател Николас Мадуро, руски сојузник, Медведев рече дека САД сигурно би го сметале за чин на војна ако Трамп биде „киднапиран“ од странска сила.

Тој, исто така, ги отфрли западните тврдења за руска или кинеска закана за Гренланд како лажни „хорор приказни“ измислени од западните лидери за да ги оправдаат сопствените постапки.

Прикажи повеќе...

Европа

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

Објавено пред

Поранешниот британски министер Питер Манделсон ја напушти Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер по новите извештаи за неговите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија вчера медиумите.

dobivaj vesti na viber

Манделсон, кој беше отстранет од Стармер минатата година од функцијата британски амбасадор во Соединетите Држави по откритијата за неговите врски со Епштајн, рече дека не сака да предизвика „понатамошен срам“ за Лабуристичката партија, се вели во извештаите.

„Овој викенд повторно бев поврзан со оправданата контроверзност околу Џефри Епштајн и жалам за тоа“, рече Манделсон во писмо до Лабуристичката партија, објавено од Би-Би-Си и други.

Манделсон рече дека верува оти обвинувањата за плаќањата на Епштајн на неговата сметка, кои се појавија во британските медиуми врз основа на документи објавени од Министерството за правда на САД, се лажни и ќе ги истражи.

„Иако го правам ова, не сакам да предизвикам понатамошен срам за Лабуристичката партија, па затоа го повлекувам моето членство во партијата“, се вели во писмото. Манделсон беше клучен во изборниот успех на Лабуристичката партија кога Тони Блер беше премиер на почетокот на 1990-тите.

Минатата година тој беше критикуван од јавноста откако американските пратеници објавија документи, вклучувајќи писмо во кое тој го нарекува Епштајн „свој најдобар другар“, што доведе до негово отстранување од функцијата британски пратеник во Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа31 минута

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет56 минути

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет1 час

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија2 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија15 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија16 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија16 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија17 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија17 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија17 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија17 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет21 час

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет22 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет24 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет1 ден

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет1 ден

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет1 ден

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија1 ден

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет2 дена

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...