Европа
НАТО: Во Украина гинат многу руски војници
Голем број руски војници гинат во борбите во источна Украина, изјави во четвртокот во Рига на конференцијата европските парламентарци помошникот на генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбоу.
Москва и во четвртокот ги отфрли обвинувањата дека нејзини регуларни војници се борат во Украина. Претходно ниту руските функционери, ниту водачите на одметнатите рускојазични региони во источна Украина не негираа дека се случува активни или поранешни припадници на војската да заминуваат доброволно во соседната земја во силите на сонародниците кои од април минатата година се борат со украинската армија која настојува да ја врти контролата на Киев врз регионот Донбас.
Руското министерство за надворешни работи во четвртокот повторно ги отфрли американските обвинувања за присутноста на „илјадници руски војници во Украина“, повторно барајќи докази за тоа и истакнувајќи дека Русија не е вмешана во, како што го нарекува, внатрешноукраинскиот конфликт. Москва смета дека таквите изјави се оправдување за испраќањето на американски војници и големи количества оружје во Украина за воените вежби кои ќе траат во следните осум месеци во близина на руската граница.
„НАТО не сака судир со Русија, меѓутоа Русија, изгледа, не сака повеќе интеграција во евроатлантскиот сојуз. Ние гледаме ревизионистичка гневна Русија којашто ги крши меѓународните правила, Русија којашто сака да воспостави област на свое влијание и која е подготвена со сила да ги прекројува граници за да ја постигне целта“, изјави Вершбоу.
„Агресивните акции на руските војници во Украина се одраз на постепената трансформација која започна пред неколку години од Молдавија преку Грузија до Украина. Оправдувањето е во лажната приказна во тоа дека Русија е понижена и окружена од Западот од крајот на Судената војна. Тоа е чист мит. Факт е дека повеќе од дваесет години НАТО настојува да контактира со Русија, а не да ја изолира таа земја“, рече функционерот на Алијанста.
Според Вершбоу „рускиот претседател Владимир Путин, се чини, сака да ја претвори Украина во држава во банкрот, и да ги замолчи и дискредитира спротиставените гласови за да спречи руски Мајдан“, изјави високиот европски претставник алудирајќи на бунтот со кој во Киев беше соборен претседателот Виктор Јанукович кого го обвинија дека ја свртува земјата кон Русија.
„Не знаеме кој го повлече орозот“, рече Вершбоу алудирајќи повторно на убиството на опозицискиот политичар Борис Нецов во петокот, за што, пак, официјала Москва смета дека може да е нарачано убиство со цел да ја дестабилизира политичката ситуација во Русија. „Немцов беше можен глас кој се залагаше за демократија и се противеше на рускиот ангажман во Украина“, рече Вершбоу.
„И пред тој трагичен настан истражувањето на јавното мнение покажуваше дека руските упади во Украина се сé помалку популарни, а руските челници сé поретко успеваат да го сокријат фактот дека руските војници се борат и во голем број гинат на истокот од Украина“, изјави Вершбоу не прецизирајќи за кое испитување на јавното мнение станува збор./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.