Европа
Британски тинејџер осуден на 22 години затвор за намера да убие
Британскиот тинејџер Бруштом Зјамани осуден е во петокот на 22 години затвор поради заговор со цел на еден војник во главниот град Лондон да му биде отсечена главата, сакајќи со тоа да го имитира бруталното убиство со нож на војникот Ли Ригби, кој во 2013 година масакрира два радикални исламисти.
Брустчом Зјамани, поранешен припадник на сектата Јеховини сведоци конвертит во исламот од Камбервил, во југоисточен Лондон, уапсен во август 2014 година, кога имал 18 години, а кај себе имал замотано во црно исламско знаме, имал 30 сантиметри долг нож и чекан. Зјамани на неговата поранешна девојка неколку часа пред апсењето и’ се доверил дека има намера да отсече глава на војник на улиците на британската престолнина.
Неговите објавувања на Facebook и смс пораките покажале дека Зјамани, сега деветнаесетгодишник „целосно ја усвоил извитоперената интерпретација на Куранот, што е особина на фанатизираните исламски терористи“, изјави судијата Тимоти Понтиус изрекувајќи ја пресудата.
„Доколку обвинетиот 19-ти август (2014-та) не бил уапсен, тој во рок од најмногу неколку часови со чеканот и ножот би ја спровел во дело својата јасно искажана намера…. што би резултирало со уште еден акт на ужасно дивјаштво на улиците на Лондон“, додаде судијата Понтиус.
Зјамани на судењето го повтори своето одушевување од Мајкл Адеболаи и Мајкл Адебовале, исто така, британски конвертити во исламот, кои отслужуваат доживотни затворски казни поради бруталното убиство на војникот Ли Ригби./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз, откако маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.
Европа
Продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
Тој претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од 14 февруари до 14 мај.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна напад врз Украина.
Оттогаш, мерката беше продолжена неколку пати.
Оваа мерка значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не можат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Во април, парламентот усвои закон за ажурирање на правилата за мобилизација додека земјата се обидува да ги надополни редовите на своите вооружени сили.